Tuesday, October 15, 2019

НАЈГОЛЕМ МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНА ВО АВСТРАЛИЈА


И по осум години, првиот македонски фестивал на храната со нетрпение се очекува и пробудува се поголем интерес не само кај Македонците туку и другите нации во Австралија кои секогаш со задоволство ги посетуваат штандовите со вкусни македонски јадења.
На едно место се собираат илјадници посетители кои се обземени од убавото чувство дека на еден убав начин се прославува македонската култура, традиција и фолклор.
Оваа година ќе има голем избор на македонски традиционални јадења, па посетителите ќе имаат можност да уживаат во вкусот на: тавче гравче, сарма, бурек, мекици, индијанки, еклери,тулумби и други специјалитети препознатливи за Македонците од сите краеви на Македонија.

Голем број на културно уметнички друштва од Мелбурн и Сиднеј ќе настапат со македонски ора и песни и ќе претставува посебно доживување за публиката. Ваше е да дојдете и бидете  и вие дел од популарниот Македонски Фестивал на храната.
Со оглед на тоа што е фестивал на македонски јадења, оваа година ќе има демонстрација на правење мазник и многу други слатки изненадувања”.
Нема да изостанат ниту спортски активности од страна на фудбалските клубови, Алтона Меџик, Keilor Wolves, Престон Македонија.
Неколку штандови ќе презентираат македонски народни носии од разни делови на Македонија а ќе се изложат и голем број на македонска литература за деца и возрасни.






Битолчанки- со јадења од Битола

Македонското фолклорно богатство кое ги вклучува македонските ора, песни, традиционални носии кои за првпат се појавиле во 15 век, се препознатлив белег и ден денес се користат за промоција на македонската култура во светот. Неспорна е и убавината на македонското девојче во традиционална носија и вештината со која пеат и изведуваат македонските ора, го учат македонскиот јазик и чуваат традицијата. Македонското минато е опеано и се рефлектира во народните песни, иконостасите,црквите,манастирите, архитектурата,во фолклорот кој доаѓа од душата на народот, оплакувано, воздигнувано во везот на македонската жена – везилка, во силните стихови на нашите поети – борци за национална слобода и културен развој на Македонија. Сето тоа е денес една непроценлива нишка, непресушен извор од кого и ден денес црпат инспирација за своите дела.
Учесници во културно уметничката програма:
Дј Мангал
Никола Зачески и Керолајн со изведба на Македонско девојче
Принцезата Јасмина
Маријана Новачева
Култтурно уметнички друштва од Сиднеј: Илинден, Стив Наумов, Душа балкана
Русичи – руска фолклорна група
Културно уметнички друштва од Мелбурн:
-          Светлост
-          Јане Сандански
-          Бисер - Џилонг
-          Тоше Проески
-          Гоце Делчев
 Демонстрација на мазник
Најдолго македонско оро - Оваа година ќе се игра најдолго македонско оро со почеток во 1 часот.  Се покануваат сите Македнци да дојдат и да бидат дел од формирањето на најдолгото македонско оро.

 It's been eight years since the first Macedonian food festival started promoting Macedonian culture. Every year the interest is growing not only among Macedonians but also among other nations in Australia who are always delighted to visit the stands with delicious Macedonian dishes. Captivated by the beautiful feeling that Macedonian culture, tradition and folklore is celebrated and promoted in a such a way.
This year there will be a large selection of traditional Macedonian dishes, so visitors will have the opportunity to enjoy the taste of: gravce tavce, sarma, burek, mekici, indijanki (sweets), ecler, tulumbi and other specialties known to Macedonians from all over Macedonia.
There will be stalls for Macedonian traditional costumes and Macedonian literature for children and adults.
The Macedonian folk treasure that includes the Macedonian dances, songs, traditional costumes that first appeared in the 15th century, are a recognizable mark and are still used today to promote Macedonian culture in the world. The beauty of the Macedonian girl in traditional costume and the skill with which they sing and perform Macedonian dances, learn the Macedonian language and keep the tradition is indisputable. The Macedonian past is sung and reflected in folk songs, icons, churches, monasteries, architecture, in the folklore that comes from the soul of the people, mourned, exalted in the embroidery of the Macedonian woman-embroiderer, in the strong lyrics of our national poet-fighters and cultural development of Macedonia. 
Be part of the biggest Macedonian food festival on 27 October, Footscray Park from 10.00 am.. Take part in the longest macedonian traditional dance at 1.00 pm.
Demonstration of a Maznik (Macedonian pastry with cheese/meat)

Gordana Dimovska
Macedonian timeline


No comments:

Post a Comment