Промоција на книга во Сиднеј "ПОСЛЕДНИОТ МАКЕДОНЕЦ" - Душан Ристевски
Минатата сабота,
19 октомври во просториите на Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, успешно се
промовира книгата „Последниот Македонец“ од Душан Ристевски во издание на Литературното друштво „Григор
Прличев“ и со финансиска поддршка од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.
Промоцијата беше како дел од овогодишната програма на Фестивалот за уметност Discovery.
Програмата ја
водеше Лара Мабеи од Македонскиот
театар која накратко даде слика за работата на двете македонски организации, за
авторот Душан Ристевски кој зад себе има издадено повеќе книги поезија и
нашишано над 18 драмски дела сите ставени на сцена од АМТС.
Промоцијата ја
направи познатиот македонски издавач и уредник Виктор Бивел кој направи содржајна анализа на драмата која го
отсликува животот на еден Македонец во овие турболентни денови за Македонија.
Осврнувајќи се на историските факти и желбата на соседите да го уништат коренот
на Македонецот како и на надворешните сили кои ги интересира профитот, а не
националното и културното чувство на луѓето. Прашањето кое остана да лебди над
присутните и на кое постојано ние сите треба да размислуваме: дали ние ќе
бидеме последни Македонци поради коренот што сегашната предавничка влада ни го
сечи? Или пак ќе се свестиме и сé ќе направиме за да опстоиме како нација
во овој свет на турболетност каде посилниот го уништува послабиот.
Авторот Ристевски
накратко се осврна и им се заблагодари на издавачите, рецензентите и на сите
оние кои помогнаа да се издаде ова дело и на самите актери кои успешно ја
ставија драмата на сцена минатата година. Се прикажаа и повеќе клипови од
драмата која е достапна и на ДВД.
Потоа следеше
комичната изведба „Заев пред официјална посета на Австралија“ со актерите Рубин
Нешковски и Валентина Апостоловска.
На промоцијата
присуствуваше и Гордана Димовска, претседател на Литературното друштво „Кочо
Рацин“ од Мелбурн. Гордана на минатогодишниот награден конкурс за Прличева
награда доби пет награди, меѓу кои и првата награда за поезија за песната
„Земја страдалница“. На Гордана и беа доделени наградите, а таа ја прочита
наградената песна и накратко се осврна за важноста на соработка меѓу двете
литературни друштва и нагласи дека борбата за Македонија треба да ја продолжеме
со перото, негување на македонскиот јазик и издавање на книги.
На крајот следеше
промоцијата на проектот, снимање на документарниот филм, „Исус Христос и
Македонците“ од Александар Донски. За овој проект се бара донација од
македонската заедница, а ќе биде од голема важност за осветлување уделот на
Македонците пред и после воскресувањето на нашиот Бог Исус Христот и
проширувањето на христијанството во Европа и светот.
На крајот следеше
богата македонска закуска и дружење, а и промовирање на најновиот драмски
проект на АМТ „Баба бегалка“ што ќе се стави на сцена на 3 ноември во Сиднеј.
Иван Трпоски
Повеќе: Делото „Последниот Македонец” е драма во 3 дела која го отсликува животот на еден Македонец кој се обидува да го сочува своето семејство, идентитет и желба да опстои. Од својот дом во Македонија, преку сеништата во Европа до населбите во Австралија, Филип Филиповски е човек кој ја бара и преиспитува својата душа. После бруталниот напад врз неговиот дом и фамилијата, семејството на Филип се распаѓа. Нивното трауматично патување во новиот свет ги отсликува трагедијата на Македонците, внатрешните превирања како резултат на сегашните политички, национални, религиозни и социјални предизвици и ефектите тоа што ги предизвикува во иселеништвото насекаде во светот.
Dushan Ristevski's latest book "The Last Macedonian" is a 3-part drama that depicts the life of a Macedonian who is trying to preserve his family, identity and desire to survive. From his home in Macedonia, through the ghosts of Europe to suburbs in Australia, Filip Filipovski is a man seeking and questioning his soul. After a brutal attack on his home and his family, Philip's family falls apart. Their traumatic journey into the new world reflects the tragedy of the Macedonians, the internal turmoil resulting from the current political, national, religious and social challenges and the effects it has on immigrants worldwide.
Macedonian timeline
Прывітанне, мяне завуць Клаўдыя Кляйн, я фінансавы супрацоўнік, я даю крэдыты і іншыя фінансавыя паслугі, і я прадстаўляю Spotcap Global Financial Services.
ReplyDeleteSpotcap Global Financial Services - гэта комплексная і надзейная крэдытная кампанія, і мы прапануем усе віды крэдытных паслуг, такіх як; Асабісты крэдыт, бізнес-крэдыт, іпатэчны крэдыт і многае іншае. Калі вам вельмі патрэбныя якія-небудзь крэдытныя паслугі, я параю вам звязацца з маёй фірмай праз | spotcapglobalservices@gmail.com | або адправіць тэкст у WhatsApp праз: +31642117819 | і атрымайце пазыку на свой рахунак на працягу 24 гадзін, таму што мы прапануем выдатныя паслугі па пазыцы па ўсім свеце.
Мы прапануем як доўгатэрміновыя, так і кароткатэрміновыя крэдыты, забяспечаныя і незабяспечаныя крэдыты, а таксама вы можаце пазычыць да 15 мільёнаў еўра з працэнтнай стаўкай 3% у год з перыядам пагашэння ад 1 да 30 гадоў. Мая кампанія дапаможа вам дасягнуць розных мэтаў з шырокім спектрам крэдытных прадуктаў.
Я прызнаю той факт, што атрыманне законнай пазыкі заўсёды было вялікай праблемай. Для людзей, якія маюць фінансавыя праблемы і патрабуюць іх вырашэння, многім людзям так цяжка атрымаць пазыку пад уласны капітал у мясцовых банках або іншых фінансавых установах з-за высокая працэнтная стаўка, недастатковае забеспячэнне, суадносіны запазычанасці і даходу, нізкі крэдытны бал або любыя іншыя прычыны
Няма больш часу чакання або напружаных візітаў у банк. Наш сэрвіс даступны 24/7 - вы можаце атрымаць крэдыт і здзейсніць транзакцыі ў любы час і ў любым месцы.
Мы прапануем 24-гадзінныя паслугі па крэдытах сусветнага ўзроўню. Для запытаў / пытанняў? - Адправіць ліст на | spotcapglobalservices@gmail.com | або адправіць тэкст у WhatsApp праз: +31642117819 | & Неадкладна атрымаеце адказ
Ваша сям'я, сябры і калегі не павінны ведаць, што ў вас мала грошай, проста напішыце нам, і вы атрымаеце пазыку.
Ваша фінансавая свабода ў вашых руках!!