Skip to main content

ЗНАМЕТО Е СВЕТА РАБОТА

Македонското сонце изгравирано на ѕвоно во 1834 година, на коешто пишува:
☨ МАКЕДОНИА ✵- Мајстор Г. Д. Алексов од село Горно Броди, Серско

Знамињата се илјадници години се користат како симболи на идентификација. Со почеток биле само дрвени столбови со резби се додека не започна користење на ткаенина а дрвото сепак остана дел од таа идентификација како додаток кој го држи знамето.
Боите и симболите на секое знаме ги пренесуваат идеите, амбициите, вредностите на земјата или организацијата. 

 Вредностите, целите или историјата на секоја земја во светот  може да се прочита дури и во едно парче платно.  Зошто е толку голема неговата значајност? Уште од дамнешни времиња белото платно се користело во воените походи да испратат сигнал или одредени порака.
Со појавата на ајдутсвото во Македонија, еден вид на отпор против феудализмот, започнала и користењето на бајраците. За некој да носи бајрак, требало да е брз, и способен да го одбрани. Без нив никој не тргнувал во битка нити пак се надевал на успех и победа. Тоа за нив претставувало нешто свето, кое после секоја борба го симнувале од копјето и го сокривале до наредната воена акција.
Со воениот бајрак започнувала борбата и за да го сочуваат биле спремни да го дадат дури и својот живот.Се претпоставува дека таквите видови на симболи се користат повеќе од 4 000 години. Дури и првото знаме во светот наречено вексилоид (vexilloid)  имало значење на Водич. Со нив се испраќале пораки, сигнали  од некои  лица или групи.
Денес секоја земја во светот си има свое државно знаме. Многу од нив претрпуваат промени во зависност од тоа која Влада е на власт. Во САД, секоја држава има свое знаме. Како што ни е познато и олимпиското знаме со неговите пет кругови пренесува порака односно претставува зближување на луѓето од пет континенти .
Знамето на ОН на кое има маслинови гранчиња, претставува симбол на мирот. Без знаме не поминува ниту една комеморација на загинати борци, ниту една прослава на државни празници.
Не постовммммЗнамето на За
Дизајнерите на државните  знамиња имаат важна и одговорна работа. Тие мора да ја пренесат својата порака и информации на знамето без користење на многу зборови или слики. Сликите и боите на знамињата симболизираат нешто важно, пренесуваат дел од некое историско минато, дел од културата, верувањата и традицијата на еден народ.
Освен познатите детали од ѕвезди и кругови, на некои знамиња се забележуваат многу невообичаени мотиви. Така на пример мускатното оревче си зело место на знамето на Гренада. На тој начин тие го претставуваа за нив најважниот производ за извоз и се здобиле со епитетот “Островот на зачините“
А важен детал на знамето на Туркменистан е дизајнот на нивните препознатливи теписи.
 Знамето на Данска пак се смета за најстаро знаме на светот и можеби единствено на кое е стои Бог. Во 1219 година дански свештеник се молел да се случи чудо и да ги победат непријателите. Во тој момент паднало знамето и тие се здобиле со некоја необјаснива моќ и успеале да ги победат Естонците.
За Македонија, како примарен македонски симбол го има сонцето . Тоа отсекогаш било дел од христијанската традиција. И ден денес се наоѓа во повеќе цркви, манастири на териоторијата на цела Македонија. Го има во Охрид , Свети Михаил и Гаврил Лесновски од 1348 , во Свети Спас во Скопје од крајот на 18 век, Свети Димитрија во Битола од 1830 година.
Македонскиот лав и македонската Ѕвезда од Кутлеш, како симболи  на македонскиот народ, култура и традиција  се едни од најстарите симболи во Европа што и  ден денес се уште се користат. Сигурно имаат подлабока симболика и значење од оревчето, круговите и теписите .
Македонското  сонце со шеснаесет зраци има посебна важност во македонската историја која ја разбираат само Македонците. Според некои толкувања, тоа ја означува енергијата, земјата, човекот и душата. Во центарот на сончевиот симбол е претставено единството на Бог и човекот. А секој зрак претставувал нешто посебно: мир, љубов, ум, интерес, надеж, другарство , слобода, градителство, добронамерност, почит, едноставност, трпеливост, молчаливост, сила , достоинство и непоколебливост. Во македонските учебници треба да се пишува подетално за симболиката на етничките, националните македонски симболи. Тоа е нешто кое навистина ги интересира младите генерации во земјата и странство.
Тоа е  еден вид на спој на минатото со сегашноста и иднината. Преку знамето најчесто се искажува вековниот стремеж за обединетост, почит и создавање трајни вредности како основа за развој на земјата. А македонското шеснаесет зрачно сонце кое беше државен симбол од 1991 до 1995 и понатаму масовно се користи меѓу Македонците без разлика од кои мотиви е сменето и без разлика на “екслузивното право“на Грција за негово користење.  Како што со Закон се донесе така и си отиде, со потпис и обврзување на Македонија да не го користи повеќе. Грција така лесно влијае на одлуките за користење на државно знаме како и да го менува македонското име. Она што Грција го сака е да не постои Македонија и постепено ги одзема основните нејзини обележја за да си го заштити одземениот дел во 1913 година. А  македонскиот народ каде и да е, нескриено го изразува своето незадоволство од ваквите  отстапки и го бара знамето назад. Тоа е знаме кое ги обединува сите Македонци во татковината, во одземените делови, во иселеништво.
Државните знамиња се основни симболи го изразуваат државниот суверенитет. Тие се симболи во кои нема зборови но во нив е вткаена вековна традиција на оние што ги чувале, на оние кои се заколнувале, и оние кои го дале својот живот.
Знамето е света работа и што има големо значење.

Дополнета моја поранешна статија Да се врати знамето

Пишува: Гордана Димовска





© Copyright Macedonian timeline Аustralia 2020. 
No part of this site, Macedonian timeline Australia may be reproduced in whole or in part in any manner without the permission of the copyright owner.

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...