Skip to main content

Сеќавање: ВО ПРЕСРЕТ НА ОВОГОДИШНИТЕ СТРУШКИ ВЕЧЕРИ НА ПОЕЗИЈАТА

Сеќавање на мојот прв настап на Поетската Манифестација „Мостови“ 
во Струга 1987 год.

Во августовска летна вечер глетката беше волшебна. На столбовите се вееја читириесетина знамиња од повеќе држави, а разнобојните свитилки се отсликуваа во црнодримските води, по кои со едрилички пловеа младите струшки кајакари, а на тревнатите кејови беше се собрале сите жители на Струга, од околните предградија и сите вљубеници на поезијата. Тука на „Мостот на поезијата“, на тој поетски аудиториум седнати се сите поети кои треба да


настапат со своја поезија. Тука меѓу австралиската поетеса Катрин Калагер, од едната страна и овогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, Петко Дабески, од другата страна, седнав и јас. Пред да настапам ми беше предложено да изберам дали сакам да настапам како „Југословен“ или „Австралијанец“, јас без двоумење го одбрав второто.

И, еве, како наеднаш небото да се отвори на ова мое најубаво светско поднебје, повикан бев и јас да прочитам своја песна.  ... Трпоски, Австралија и песната „Сонародничка порака“! Во моментот како некоја вртоглавица да ми се втропачи во мислата, па се запрашав: „Што, зарем и јас ќе застанам на овој интернационален поетски мегдан да им прочитам стихови на моите браќа и сестри Македонци и Македонки?“

Да! Тоа и се случи. Иако мислев мојот глас ќе покаже непослушност и ќе ме издаде, сепак тој издража до крај и песната најчувствително ја прочитав. Одеднаш по читањето грмнаа илјадници грла и уште толку раце се здружија за да ми аплаудираат, мене на нивниот сограѓанин, кој пред да прелетам во Австралија, постанав жител на Струга заради вработување, кое никогаш не го добив. Но никогаш не сум се откажал од оваа земја и од овој народ. И, еве, многугодишната желба најпосле ми беше остварена. Јас на ова поетско светилиште рамо до рамо со сите интернационални поети, првата професионална поетска бразда овде ја изорав. Но оваа поетска мисија не е само мој труд и моја желба, но таа е труд и заедничка желба на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, на Друштвото на писатели на Македонија, на Советот на струшките вечери на поезијата и на Матицата на иселеници од Македонија.  

По завршувањето на манифестацијата, моите роднини и пријатели најтопло ми честитаа, ме прегрнуваа... Ќерка ми Билјана се радуваше, а татко ми плачеше. И мене ми навреа солзи во очите, радосно, прерадосно чувство. За еден неискусен поет да застане и презентира свои стихови на овој светски поетски аудиториум заедно со познати поети професионалци, академци, тоа е повеќе од успех. Вечерта, убаво е да спомнам, бев поканет на свечената трпеза што ја имаше припремено во чест на шестмината поети од Австралија претседателот на републичката комисија за странство д-р Борис Петковски.  Ете, ова е само дел од Поетскиот настан кој традиционално се одржува во градот Струга - мојот град, градот на Миладиновци, а кои чувства да бидам искрен ми оставија вечен белег во моите сеќавања.

Иван ТРПОСКИ

Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.