Денот на Свети Никола е посеветен на најпочитуваниот светец, Свети Никола и со посебна почит и радост се слави на 19 декември. Свети Никола уште во детството бил пример за добродетел и проповедник . Во текот на животот се одрекол од материјалните придобивки и ги делел на сиромашните. Роден во малоазискиот град Патара во 4 век пристаниште на медитеранскиот брег на денешна Турција. Од неговиот избор за епископ во Мира, во Југозападна Мала Азија, неговите доблесни дела се намножија. За време на неговото патување до Божјиот гроб, силна бура го зафати бродот и уби еден од морнарите. Свети Никола со нежна и искрена молитва кон Бога го смири морето и го воскресна убиениот морнар.
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ