Skip to main content

НОВОГОДИШНО И ЕКСKЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ СО СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ


"Без разлика што и да се случува, сепак, позитивната мисла треба да опстане и човек треба да се труди по секоја цена да остане оптимист, иако навидум тоа е невозможно, бидејќи стравот и песимизмот како најподмолни убијци на среќата и животот единствено можат да се победат со чист и нескршлив дух." - Симе Младеновски.
МТ- Eве не и кон крајот на уште една година и би сакале да ве запрашаме каков е овој период за вас како продуцентска куќа?

СМ - Во периодот кога се ближи Новата Година, нашите работни обврски сè повеќе се интензивираат, а тоа значи дека веќе започнавме со снимање на новогодишна програма на Тв Сонце, но и новогодишно издание на Лица и дела во кое аудиториумот ќе има можност да проследи нешто интересно, ново и иновативно.

 МТ- Кога сме кај нешто ново и иновативно ќе ни откриете ли што се спрема, кои се ваши идни планови за настапи?

СМ - Во однос на мојата дејност, продуцент, веќе сум влезен во првите 5 продуценти за 2022 година, во Македонија. Исто така, со екипата за којашто веќе сум зборувал многу пати, со која работиме на документарните филмови, периодов исто така интензивирана е и таа дејност, така што со веќе најавениот документарен филм „Родна грутка“ кој е посветен на сиромаштијата во Македонија, се подготвуваме за учество на еден фестивал за документарни филмови во Женева. Нормално, со оглед на нашиот огромен труд и вложената работа, очекуваме значителни резултати.

МТ – Што е карактеристично за новиот филм Родна грутка?

СМ -  Сетингот на овој документарец е многу специфичен и исполнет со специфични и убави места преку кои аудиториумот воедно ќе ги види и ќе ги запознае убавините на нашата земја, со кои сите ние се гордееме и покрај темата на самиот документарец која некако постојано се наметнува и некако се добива впечаток дека е непремостлива. Во однос на темата, во овој филм се опфатени неколку семејства кои се во незавидна животна ситуација и за кои се чини дека живот во нормални и човечки услови е апсолутно недостижен, но ние преку сето тоа сакаме да пренесеме една многу важна порака – без разлика што и да се случува, сепак, позитивната мисла треба да опстане и човек треба да се труди по секоја цена да остане оптимист, иако навидум тоа е невозможно, бидејќи стравот и песимизмот како најподмолни убијци на среќата и животот единствено можат да се победат со чист и нескршлив дух.


 МТ - Планови со емисијата Лица и Дела?

 СМ -  За Лица и дела можам да кажам дека продолжува и понатаму да претставува лица кои се во и надвор од Македонија, но кои ретко се појавуваат на медиумите, а нивната работа навистина е од голема важност и оставила огромен белег во општеството, со што всушност, оваа сезона Лица и дела добива посебна димензија, различна од она што до сега е емитувано. Можам со гордост да истакнам дека на Лица и дела продолжува да работи истиот тим како и до сега и секако останува во ТВ Сонце, така што јас, како продуцент, Мери, како уредник и водител и сета останата екипа, гарантираме уште многу убави и корисни содржини кои ќе бидат забележани и гледани. Освен ова што до сега го наведов, работам на уште многу проекти, а како новитет можам да истакнам дека сум официјален менаџер на рок бендот Акарма којшто во блиска иднина ќе се претстави со својата музика и сигурен сум дека нивниот пат до врвот е веќе загарантиран.

Оваа можност ја користам на вашата екипа и на вашите ценети читатели да ја честитам Новата Година и претстојните празници, секако со порака, останете безбедни и зачувувањето на здравјето да биде на прво место, со надеж дека во скоро време животот повторно ќе се врати во нормален тек.

МТ – Благодариме, Несомнено имавте плодна 2021 година и најискрено ви честитаме за сите постигнати резултати и посакуваме уште повеќе остварувања и награди во Новата 2022 година. Знаејќи со каков елан и интензитет работите не се сомневаме дека успесите во Новата година нема да изостанат. Најважно од се е да не престанете со она што го сакате и да не престаните да ја промовирата Македонија во вашите проекти. Ви благодариме на соработката и да продолжиме така и во 2022.

6.12.2021

Macedonian timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.