Skip to main content

Posts

Showing posts from October, 2022

ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ ОД ЈАГОДА ЗДРАВЕСКА - КОТЕСКА

Македонското литературно друштво Кочо Рацин - Мелбурн ќе одржи промоција за две книги од Јагода Здравеска Котеска. Романот  Љубов по слика  и биографско-етнографската сторија  Велика.  Промоцијата ќе се одржи на 19 ноември во просториите на  Yarra Plenty Regional Library (YPRL) - Mill Park Library од 14.30 - 16.30. Настан кој посетителите ќе имаат можност да дознаат повеќе за овие две најнови дела на Јагода Здравеска - Котеска и да си набават примерок од книгите.  Во романот преовладува тема од печалбарскиот живот на Македонците пред тргнување од родните огништа и по стигнувањето во новата земја во која се соочуваат со носталгија, осаменост, адаптирање на новиот живот. Преку ликовите во романот се отсликува мачната историја на македонскиот народ, страдањата, последиците од војната. Нејзината приказна се простира на 786 страници.  Книга  Велика  -  Низ оваа етнографска сторија опишани се многу елементи од животот и обичаите на семејството...

"Промовирана книгата "Кој ни го корне коренот" од Мендо Димовски, новинар, писател, поет

Потребни се темелни промени на нашите вредности, на концепцијата за дејствување и однесување. Но сѐ уште недостасува организирана храброст и смелост за да се создаде нова „активна и нестрплива надеж“ и да се најде потенцијал и можност за акција однатре. Таа сила е во нашето обединување и единствено дејствување. Така сигурно ќе го зачуваме идентитетот и јазикот, а ќе ни остане и зборот и говорот наш македонски, како што ни остави аманет Конески: Вековно и пеколно безвременски да го чуваме  јазикот свој македонски. - Mендо Димовски Настаните што ни се случуваат во континуитет, за кои пишуваше и новинарот Мендо Димовски во колумните објавувани во весникот  „Слободен печат“, ќе останат забележани и запаметени во неговата седма книга под наслов „Кој ни го корне коренот“, како кажувања и сведовштво за еден мошне значаен период помеѓу 2019 и 2022 година. Низ ова дело лоцирани се многу актуелни проблеми и кризни состојби во Македонија со анализа на сите аспекти и предлози за надмину...

ОКТОМВРИСКИ ПЛАМЕН

Автор: Гордана Димовска   Се разгори нов пламен, Илинден трет “ Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет. ”  Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца  и лица нивни.   Војникот оди напред и вее алово знаме,

ТРАДИЦИОНАЛЕН МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА - FOOTSCRAY 2022

Традицијата не згаснува, само продолжува!  Македонската организација на Заедницата MACO со голема радост соопштува и ги известува сите слушатели дека на 30 октомври 2022  ќе го одржи најголемиот и долго очекуван Македонски фестивал на храната. Местото на одржување е Footscray park на адреса 40 Maribyrnong Blvd , со почеток во 11.00 часот . Се покануваат сите Македонци од Викторија да земат масовно учество и да го поддржат и посетат фестивалот. На едно место ќе можат да видат стари традиционални носии, голем избор на македонска литература и секако да вкусат исклучително убави традиционални македонски јадења, подготвени од светски познат готвач од Македонија. Покрај традиционалните јадења посетителите ќе имаат прилика да уживаат во богатата културно уметничка програма, во која ќе учествуваат голем број пејачи од нашата заедница,  со свои и со македонски оригинални песни. Македонските културно уметнички друштва од Мелбурн и Нов Јужен Велс, ќе настапат со специјално...