Skip to main content

"Промовирана книгата "Кој ни го корне коренот" од Мендо Димовски, новинар, писател, поет


Потребни се темелни промени на нашите вредности, на концепцијата за дејствување и однесување. Но сѐ уште недостасува организирана храброст и смелост за да се создаде нова „активна и нестрплива надеж“ и да се најде потенцијал и можност за акција однатре. Таа сила е во нашето обединување и единствено дејствување. Така сигурно ќе го зачуваме идентитетот и јазикот, а ќе ни остане и зборот и говорот наш македонски, како што ни остави аманет Конески: Вековно и пеколно безвременски да го чуваме  јазикот свој македонски. - Mендо Димовски

Настаните што ни се случуваат во континуитет, за кои пишуваше и новинарот Мендо Димовски во колумните објавувани во весникот  „Слободен печат“, ќе останат забележани и запаметени во неговата седма книга под наслов „Кој ни го корне коренот“, како кажувања и сведовштво за еден мошне значаен период помеѓу 2019 и 2022 година. Низ ова дело лоцирани се многу актуелни проблеми и кризни состојби во Македонија со анализа на сите аспекти и предлози за надминување на негативните појави за да може државата конечно да застане на здрави нозе.

„Работата е дотаму отидена што мора да се притисне алармот за тревога зашто не се води грижа за нашите насушни потреби и основните вековни определби содржани во чувањето и негувањето на нашиот јазик, нашиот идентитет и потекло. Овие главни потпори, не само што не се признаваат, туку се рушат и посвојуваат. Навистина чудно, дури загрижувачко е ваквото сознание, а сите си седиме со скрстени раце, божем ништо не се случува ?!


„Потребни се темелни промени на нашите вредности, на концепцијата за дејствување и однесување. Но сѐ уште недостасува организирана храброст и смелост за да се создаде нова „активна и нестрплива надеж“ и да се најде потенцијал и можност за акција однатре. Таа сила е во нашето обединување и единствено дејствување. Така сигурно ќе го зачуваме идентитетот и јазикот, а ќе ни остане и зборот и говорот наш македонски, како што ни остави аманет Конески: Вековно и пеколно безвременски да го чуваме  јазикот свој македонски. 

Но, кој сега ни го одзема зборот, нѐ замолчува и ни го корне коренот!“

Книгата беше промовирана на 7 октомври во Домот на АРМ во Скопје, а главен  промотор беше рецензентот Бранко Геровски, придружуван од познатиот актер, режисер и општественик Благој Чоревски, поетот Горан Анчевски , генералот Димче Петровски и Ристана  Николова – Рина , професионален музичар и поклоник на етно-културата на Македонија.

Како исклучително ретко и актуелно дело, излегувањето на книгата предизвика голем интерес кај читателите и љубителите на пишаниот збор во Република Македонија.










Macedonian timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

Ensemble of Folk Instruments and Songs "Stefce Stojkovski" - keep Macedonian tradition alive

The Macedonian traditional music and dance seminar, which has my name as a brand, is known on the world music scene, traditional folklore festivals, at the departments of world-famous universities in ethnomusicology, ethnochoreology, musicology, folklore studies and beyond. The need for organizing such a seminar as well as the significance of the existence of such a seminar are enormous for us Macedonians. Namely, through this seminar, which is being organized for the 19th time, the general public is introduced to Macedonian musical traditions, the playing of original and classical instruments, Macedonian songs and dances, the styles and manner of playing, singing and dancing are studied. The seminar is organized for beginners, connoisseurs and more advanced amateur or professional level of participants. The seminar is organized by the members of the ensemble, and the lecturers are prominent and renowned amateurs and professionals in the field of folklore. All visitors who register ar...