Skip to main content

ТРАДИЦИОНАЛЕН МАКЕДОНСКИ ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА - FOOTSCRAY 2022

Традицијата не згаснува, само продолжува! 

Македонската организација на Заедницата MACO со голема радост соопштува и ги известува сите слушатели дека на 30 октомври 2022  ќе го одржи најголемиот и долго очекуван Македонски фестивал на храната. Местото на одржување е Footscray park на адреса 40 Maribyrnong Blvd, со почеток во 11.00 часот.

Се покануваат сите Македонци од Викторија да земат масовно учество и да го поддржат и посетат фестивалот. На едно место ќе можат да видат стари традиционални носии, голем избор на македонска литература и секако да вкусат исклучително убави традиционални македонски јадења, подготвени од светски познат готвач од Македонија.

Покрај традиционалните јадења посетителите ќе имаат прилика да уживаат во богатата културно уметничка програма, во која ќе учествуваат голем број пејачи од нашата заедница,  со свои и со македонски оригинални песни. Македонските културно уметнички друштва од Мелбурн и Нов Јужен Велс, ќе настапат со специјално припремени кореографии на македонски традиционални ора. Покрај тоа ќе има и специјални гости како изненадување во текот на програмата. Нема да бидат изоставени ни најмладите кои ќе уживаат во разни активности за деца, рецитации на стихотворби за Македонија.

Ова e уште едeн голем настан, уште една прилика и место каде се отсликува македонската традиција, култура, јазик и фолклор, својствени за Македонците каде и да се во светот. Традицијата не згаснува, само продолжува. Македонија е непресушна ризница од која наследивме многу и имаме што да прикажеме во светот. Ве очекуваме!

МАCO - Macedonian Australian Community Organization


За повеќе информации јавете се на следниве телефонски броеви: 0414 722 004 - Зоран Димовски,  0423 496 821 - Гордана, 0401 343 401 – Лидија или email: community@maco.org.au

 








Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...