На 22 декември 2023 година, во "Јавна соба" во Скопје организацијата Новинари за човекови права ја промовираше книгата "Горка кнедла" од авторката Валентина Ѓоргиевска Парго Издавач е Филип Спировски, претседател на организацијата. Дизајнот на корицата е изработен од талентираната средношколка од "Орце Николов", Николина Таневска. Оваа книга е плод на повеќегодишно посветено новинарско ангажирање на Парго на тематиката за жените- жртви на насилство од секаков тип, и е вистинска експлозија од изјави, признанија, реални приказни, случувања, моменти, ситуации на бројни жени. Работена е во периодот од 2017 година досега, а преку приказни, меко прифатливи за читање, изнесени се конкретни проблеми со кои се соочува жената денес. Несфатеноста, запоставеноста, негрижата, потценетоста, многуте обврски, преангажираноста, лошиот однос, здравствените и семејните проблеми, институционалното насилство, неморалот, беспарицата, невработеноста, лажниот имиџ, лажнит...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ