Skip to main content

ОБЈАВЕНА КНИГАТА "ГОРКА КНЕДЛА" ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ ОД АВТОРКАТА ВАЛЕНТИНА ЃОРЃИЕВСКА ПАРГО

На 22 декември 2023 година, во "Јавна соба" во Скопје организацијата Новинари за човекови права ја промовираше книгата "Горка кнедла" од авторката Валентина Ѓоргиевска Парго

Издавач е Филип Спировски, претседател на организацијата. Дизајнот на корицата е изработен од талентираната средношколка од "Орце Николов", Николина Таневска.

Оваа книга е плод на повеќегодишно посветено новинарско ангажирање на Парго на тематиката за жените- жртви на насилство од секаков тип, и е вистинска експлозија од изјави, признанија, реални приказни, случувања, моменти, ситуации на бројни жени.

Работена е во периодот од 2017 година досега, а преку приказни, меко прифатливи за читање, изнесени се конкретни проблеми со кои се соочува жената денес.

Несфатеноста, запоставеноста, негрижата, потценетоста, многуте обврски, преангажираноста, лошиот однос, здравствените и семејните проблеми, институционалното насилство, неморалот, беспарицата, невработеноста, лажниот имиџ, лажните идоли, помодарството, медиумската пропаганда, нечесната трка по пари, безмилосната политика, нарушеното достоинство, сѐ се тоа проблеми кои го косат животот на жената во денешницата, вели авторката.

Но освен тоа, оваа книга отвора и табуизирани теми кај нас, не само женски неправди и насилства врз жени (од аспект, на психичко и физичко насилство, озборување, клеветење, мобинг, булинг, стигматизирање, навреди, уцени, присилувања), туку се осврнува и на злоупотреба на женската сексуалност...

Книгата е меѓу ретките што се занимава со ваква поширока проблематика, повеќеслојно и на повеќе нивоа, укажува и посочува, насочува и извлекува нови поуки, како да се поправи односот на најблиските, околината, заедницата и општеството кон нив, и обратно.

Текстовите кои се дел од неа во изминативе години побудија интерес и беа препознаени од повеќе меѓународни организации, па така беа претставени лично од авторката, но и од организацијата- издавач, на повеќе меѓународни конференции и форуми, пред борки за женски права, стручни лица и европски универзитетски професори, во Букурешт, Темишвар, Берлин, Бон, Штутгарт, Бања Лука, Белград, Малта, Шпанија, Шведска, Тирана, Турција, и во други места и држави.

 “Со гордост ја промовирав книгата насловена „Горка кнедла“, а во издание на Journalists for Human Rights- JHR. Во ова извонредно литературно дело, Валентина нè запознава со вистински приказни на жени што се издигнале како прави хероини во борбата против насилството. Во својата книга, Парго истражува теми што ретко се зборуваат, и пренесува силни пораки на љубов, смелост и охрабрување. Од секоја страница се шират приказните за преживувањата на жени што се изложени на насилство, но  истовремено ги собираат сите свои силни ресурси за го надминат дури и невозможното. Со оваа книга, Валентина Ѓоргиевска Парго не само што ја отвора дискусијата за проблемот на насилството, туку и нè потсетува дека секоја жена е способна да биде јунак во својата сопствена приказна. Целосно просветлувачко и возвишено, ова литературно дело ќе ве поттикне да размислувате, да се поистоветувате и да ја менувате перспективата кон вистинските јунаци во секојдневниот живот, на промоцијата рече Наташа Доковска, директорка на Новинари за човекови права, организација која постои 30 години и активно делува во Македонија и во странство.

Авторката досега има објавено неколку книги и монографии, има освоено литературни награди, пишува и поезија а нејзино сценарио на англиски јазик за прв пат годинава беше изведено и на меѓународен фестивал "Темпора/ Контемпора" во Лече, Италија.

Освен континуираната соработка со НЧП соработува и со други светски новинарски организации и медиуми кои се занимаваат со човекови права.



Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.