Skip to main content

ПРОГЛАСЕНИ НАГРАДЕНИТЕ ЗА ПОЕТСКО И ПРОЗНО ДЕЛО НАГРАДА " ВАНЧО НИКОЛЕСКИ" КВИНБИЈАН НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС АВСТРАЛИЈА ЗА 2023 ГОДИНА


Жири комисијата во состав на Билјана Петрова ( претседател ), Наташа Ѓоргоска и Снежана Димитровска ги објави наградените од :
КОНКУРСОТ НАГРАДА " ВАНЧО НИКОЛЕСКИ" ЗА 2023 ГОДИНА.
По распишувањето на Конкурсот Поетска манифестација " Награда " В. Николески за 2023 година за најдобар расказ и песна, пристигнаа 55 песни и 21 расказ од 59 автори од сите краеви на Македонија од странство и од тука од наши локални автори од Австралија.
Еве токму во оваа пригода, почитувани автори Вие ги посеавте, вашите омилени стихови и доживувања во далечна Австралија преку мостот на поезијата што се вика МЛД" ВАНЧО НИКОЛЕСКИ"
Доделувањето на наградите ќе се одржи во недела на 25 ФЕВРУАРИ 2024 со почеток во 12 часот напладне.
КАТЕГОРИЈА ПЕСНИ ОД АВТОРИ НАДВОР ОД АВСТРАЛИЈА
Прва награда: Јасмина Јошевска Скопје Македонија
" Составено и оставено"
Втора награда: Божана Тренческа Прилеп Македонија
" Кога патувам"
Трета награда: Славко Крстевски село Слепче Демир Хисар Македонија
" Еј, Македонијо"
КАТЕГОРИЈА РАСКАЗИ ОД АВТОРИ НАДВОР ОД АВСТРАЛИЈА
Прва награда: Божана Тренческа Прилеп Македонија
" Мојот утрински чај"
Втора награда: Мила Спасенцова Љубанци Скопско Македонија
" Волшебното патување на Стефан"
Трета награда: Блажо Стојаноски Прилеп Македонија
" Судбина проклета, проклета да е"
ПОСЕБНА НАГРАДА ЗА ОРГИНАЛНОСТ
Митре Мангоски Радождански Охрид Македонија
за песната " Индиго"
КАТЕГОРИЈА ПЕСНИ ОД АВТОРИ ОД АВСТРАЛИЈА
Прва награда: Емилија Тодорова Сиднеј Австралија
"Скопје одново"
Втора награда: Емил Попорданоски Мелбурн Австралија
" На сон посакав"
Трета награда: Наум Пауноски Џарабомбара Австралија
" Спомени"
КАТЕГОРИЈА РАСКАЗИ ОД АВТОРИ ОД АВСТРАЛИЈА
Прва награда: Гордана Димовска Мелбурн Австралија
" За тебе мајко"
Втора награда: Љубица Поповска Мелбурн Австралија
" Приказната на Вера"
Трета награда: Нове Младеновски Мелбурн Австралија
" Забеганиот Дедо Ное"
На сите учесници им благодариме за нивното учество и им честитаме за наградите.
Доделувањето на наградите ќе се одржи во недела на 25 ФЕВРУАРИ 2024 година во просториите на Македонскиот центар во Квинбијан со почеток во 12 часот напладне. На истиот ден МЛД" В. НИКОЛЕСКИ " ќе прослави седум години од своето постоење. Ќе имаме богата трпеза , печено прасе и што уште не. Сите сте добредојдени посебно авторите учесници од Конкурсот. Влезот е бесплатен.
Адреса: МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР
266 CRAWFORD STREET.
QUEANBEYAN 2620 NSW
AUSTRALIA
Од управата на МЛД " Ванчо Николески"
Квинбијан НЈВ Австралија
Претседател Наум Трајчески

Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.