Skip to main content

ОБЈАВЕНА ОДЛУКАТА НА ЖИРИ КОМИСИЈАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПРЛИЧЕВА НАГРАДА


Во Сиднеј по повод наградниот конкурс за Прличева награда за 2023 година:

За минатогодишниот награден конкурс за Прличева награда што Литературното друштво „Григор Прличев“ традиционално го организира за последните 46 години, пристигнаа 39 дела. Жири комисијата составена од Мери Петковска (претседател), Славица Ристеска и Дијана Јовчевска, одлучија да им доделат награди на следните творби:

Поезија за возрасни

 1-ва награда: Песна за Битола - Шифра: нема (Ристо Галевски од Сиднеј)

2-ра награда: Споменик на љубовта - Шифра:нема (Наум Трајчески од Квинбијан)

3-та награда: Туѓина ќе одам - Шифра:Мајкаша (Наум Трајчески од Квинбијан)

 Поезија за деца

 1-ва награда: Лакомост - Шифра:Радосно внуче (Гроздан Јовановски од Љукастел)

2-ра награда: Желба - Шифра: Сон (Гордана Димовска од Мелбурн)

3-та награда: Пресликување на годините – Шифра: Зима (Оливера Јовановска од Мелбурн)

 Раскази за возрасни

 1-ва награда: Баба Илина - Шифра:Декември (Гордана Димовска од Мелбурн)

2-ра награда: Мајка - Шифра:МЕНДУС-34 (Џорџ Гроздановски од Сиднеј)

3-та награда: Ноќва мислам на него - Шифра:Кралица без кралство (Оливера Јовановска од Мелбурн)

 Раскази за деца

 1-ва награда: Грижа - Шифра:Радост (Гордана Димовска од Мелбурн)

2-ра награда: Мразулци на балконите - Шифра: Душата не старее (Оливера Јовановска од Мелбурн)

3-та награда: Уплав - Шифра:уплав (Љубица Поповска од Мелбурн)

 Прво наградена песна за возрасни:

 ПЕСНА ЗА БИТОЛА

 Битола изградена на Пелистерска падина,

по Драгорска речна долина,

покрај вишна Баба Планина

и на Пелагониска широка рамнина.

 

Битола потомка на Хераклеја,

на градот на Царевите

и војските на фалангите

што ги чуваа границите

на државата на Македонците.

 

Битола град на конзулите,

на дамите и дипломатите

кои се возат по калдрмите,

со коњи во пајтоните

право кон кафеаните.

 

Битола, град на цркви и верници,

на војводи, комити и партизани,

кои што храбро се бореле -

но на слободата не ѝ се израдувале.

 

Битола град на уметници,

на артисти, фотографи и пејачи,

на вода фолклор и ладовина,

на младост љубов и убавина.

 

Битола, град кој лаже и повикува

на Широк Сокак за да се видиме,

топли  бакнежи да размениме

и во прегратки вечно да останеме.

Ристо Галевски

 

Прво наградена песна за деца:

 

ЛАКОМОСТ

 

Ти дедо и моја дедовина

Тага моја како планина

Дали треба да заминам

Во далечна туѓина.

 

Те гледам грутко и чезнам

А во душа тага сеам

Јас не сакам во туѓина

Таму испустен да живеам.

 

Овде сакам како славеј

Во гора да пеам

Јас не сакам во туѓина

Таму осамен да живеам.

 

Овде ми е најубаво

Срце мое весело и смело

Овде ми е мило се

Сакам да живеам на село.

 

Не лакомам дедо мој

За големи пари

Мојот млад живот

За родната грутка жали.

 

Дали ти ме разбра дедо

Дали грешам или е така

Внимателно ме ислуша дедо

Сведна глава и се расплака.

 Гроздан Јовановски

 

 


Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.