Skip to main content

ЦИТАТИ ЗА МАКЕДОНИЈА

“Во сите краишта што ги посетив, јас немам чуено други имиња освен имињата на Александар Велики и на Марко Крале. И едниот и другиот живеат во спомените на народот... Споменот за Александар Велики сепак е повеќе утврден кај народот”. Ова е несоборлив доказ дека Македонците од тоа време се поистоветувале со Македонците на Александар Македонски. Колку за илустрација и денес машкото име Александар е најпопуларно." Ова го запишал рускиот славист Виктор Григорович при посетата на Македонија од 1844 - 1845 година,

•“Оваа земја е Македонија и ако ја погледнеме природата, наравите, обичаите, карактерот на жителите, нивниот став, нивната физиономија, исцело ке ги препознаеме истите оние мажи што во старо време ги сочинувале фалангите на Александар Македонски.” Од текстот јасно се гледа дека не постои видлива разлика меѓу античка Македонија и Македонија од тоа време (1860 година) односно дека се едно те исто. Запишано во “Цариградски весник” од 3 март, 1860

 

Во преамбулата на правилата на македонскиот востанички комитет на Кресненското (Македонското) востание од 1878 година, востаниците се споредуваат со војската на Александар Македонски: “Познато ни е на сите нас дека злосреќната наша земја Македонија поради причини за егоистички цели од страна на големите сили и е оставена пак на Турција по Берлинскиот конгрес. Во резултат на тоа дојде во одделните области на нашата татковина до многу крвави сцени познати на секого. Во желба да го отфрлиме од нашата татковина турскиот јарем, секој од нас, кој колку може станавме да се жртвуваме, бидејќи од секого од нас е нужна помош. Ние востанавме како поборници на слободата. Со нашата крв што ја пролеавме низ полињата и горите македонски ние служиме, како македонската војска на Александар Македонски, за слободата со нашата девиза - Слобода или смрт!”

• Во својата книга “Македонска песнарка” од 1879 година, Ѓорѓи Пулевски запишал: “Да ли сте чуле, Македонци, стари људи што говорат? Од Македонци по јунаци над них не било. Цар Александар Македонски триста лета пред Христа со Македонци сви вселену повладал. Наш крал Филип - Славјанин е, цар Александар - Славјанин е. Наши баби славјански ги родиле. Македонци! Сетите се за јунакство македонско. Та спроти старих вие сега да следувате!” Со овој текст Ѓорѓи Пулевски јасно и недвосмислено покажува дека смета оти кралевите Филип и Александар се наши македонски кралеви.

• По повод 1000 годишнината од смртта на Свети Методиј, во 1885 година во Солун, Григор Прличев ќе каже: “Мајка Македонија е многу ослабната. Откако го роди големиот Александар, откако ги породи светите Кирил и Методија, оттогаш мајка Македонија лежи на своето легло ужасно изнемоштена. Но мајка што роди вакви синови, во иднина ќе роди и други како нив... Ќе произведе уште многу Кириловци и Методиевци, кои ќе бидат светилници на нашите училишта и столбови на нашата вера и кои ќе го прославуваат македонското име!” Како што може да се прочита Григор Прличев не само што Александар Македонски го смета за македонски син туку и заедно со Светите Кирил и Методиј го вбројува меѓу најголемите.

Истата таа година, Коста Шахов во весникот “Македонија” број 4 запишал:

• Денес, секој Македонец, кога го спомнува Александар Македонски, вели: Ние сме го имале цар Александар Велики. Со тие зборови тој си припомнува за блескавиот период и величието на Македонската држава. Александар Македонски стои пред лицето на секој Македонец како национална гордост!”

 Гордана Димовска

Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...