Со њ а Лозановска е познат и признат новинар, естраден уметник и главен и одговорен уредник на весникот „Македонија“ од Торонто. Таа е овогодишен добитник на признанието „Златен клас за македонски вознес“, што и’ го доделија на „ 24-те Пелагониските културно – научни средби“ во Новаци, Бит о лско Наградата е доделена на една од најактивните и најценетите македонски општествени естрадни уметници, Соња Лозановска, која е позната во македонската културна и поширока јавност, а со својот весник „Македонија“ има посебно место во информативната дејност на Македонците на Северно-американскиот континент. Таа придонесува весникот да биде еден од прозорците кон светот и сакан гостин во домовите на Македонците во Канада. во Соединетите Американски Држави и пошироко . Исто така, Соња како естраден уметник е позната дама и активист во заедницата , а со тоа има значајно место во целокупното живеење на Македонците во метрополата Торонто.
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ