Skip to main content

НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД 69“- ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 69  за октомври 2024 година, наменето за литература и култура,
се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го
промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во
демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД
„Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонски иселеник.
Исто така, членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“.новиот
број на списанието „Повод“ го збогатиле со поетски содржини посвети на дедовските
корени во Македонија и на нивната прва татковина – Македонија, за која пишуваат со
големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат кај македонските
иселеници во светот.
Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Димче Џајкоски. Тој е роден на
13.11.1958 година во познатото село Велестово, сместено во пазувите на Галичица над
Охрид и кое често го нарекуваат „село на поезијата“. Живее и работи во Сиднеј од 1979
година. Со пишување поезија се занимава уште од раните школски години. Тој е активен
во македонската заедница со самото доселување: членува во МЛД „Григор Прличев“ каде
повеќе години завземал функција на заменик претседател, претседател на Одборот за
организирање Денови на македонската култура, а бил и во други македонски асоцијации,
во кои постигнал завидни резултати.
Со поезија е застапен во зборниците: „Видици“ (1984), „Поетски иселенички меридијани“
(1996), „Коти на копнеж и страст“ (2003), „Macedonian Poetry in Australia“ (1996), “Reunion”

(2003). Автор е на збирките поезија: „Времетечение“ (1995) и i„Времепатение“ (1997).
Додека во овој број од списанието „Повод“ е застапен со песните: „Македонска голгота“,
„Жива рана“ и „Дете“.
Во продолжение со свои поетски остварувања се застапени Иван Трпоски со песната
„Октомвриски белег“, Ристо Галевски со „Македонија вечна мила“, Славица Ристеска со
„На Македонија“, Перо Дамчевски – Коцин со „Карпалак“, Гроздан Јовановски со „Древна
земјо македонска“, Гордана Димовска“ со „Независна и вечна“, Оливера Јовановска со
„Моја татковино горда Македонијо“, Саво Костадиновски со „Кога пишувам песна за
Македонија“ и Христија Ангел Јовановски со песната „Горда низ вековите“.
Посебен простор е посветен на текст за новата делото во електронска форма насловено
„Меѓу партизаните на Маркос“ од познатиот српски писател и новинар со еврејско потекло
Оскар Давичо. Таа е „Книга со сензационални сведоштва за теророт врз Македонците во
Егејскиот дел на Македонија“.
Инаку, Оскар Давичо (роден во 1909, а починал во 1989 година) бил голем вљубеник во
егејскиот дел на Македонија и во 1947 година во екот на Граѓанската војна во Грција,
заедно со група странски новинари, во рамките на Комисијата на Обединетите нации, го
посетил егејскиот дел на Македонија, по што своите доживувања и записи ги објавил во
обемна книга од близу 400 страници, која досега не беше објавена во Македонија. Во
книгата, освен описите на градовите и селата во егејскиот дел на Македонија и луѓето во
нив, објавени се и сензационални сведоштва од граѓанската војна во егејскиот дел на
Македонија!
Меѓу нив објавено е и досега непознато во нашата јавност интервју со генерал Маркос од
1947 година во кое тој јасно ги признава Македонците како посебна нација! Објавени се
интервјуа и со други команданти на ДАГ, кои исто така јасно сведочат за постоењето на
Македонците во егејскиот дел на Македонија, а сведочат и за теророт што Македонците
го доживувале од сите грчки влади по Балканските војни, па наваму. Во книгата се
интервјуирани и Македонци борци на ДАГ кои јасно се декларираат како Македонци.
Книгата од Оскар Давичо била објавена на српски јазик во 1947 година, но по само
неколку месеци, во 1948 година, книгата била забранета во тогашна Југославија поради
судирот помеѓу Тито и Сталин и поддршката на генерал Маркос на Сталин.
Благодарение на македонскиот историчар и писател Александар Донски книгата е
пронајдена и од неа за прв пат на македонски јазик е објавен избор од најударните
стотина страници. Потоа, по иницијатива на Донски, овие вредни историски податоци се
преведени и на англиски јазик со цел по електронски пат да бидат испраќани на
странските субјекти.
Исто така, во овој број на „Повод“ Ристо Стефов го објавува текстот по наслов „Who are
the Modern Greeks” („Кој се современите Грци“), на англиски јазик, во кој, меѓу другото, се
вели: „Драги Македонци, еден начин да се одбраниме од грчкиот напад и да го вратиме
назад нашиот идентитет и достоинство е да се бориме до нивото на кое Грците нè
спуштија; тоа е да го нападнете нивниот идентитет како што тие го нападнаа нашиот.
Ништо не треба да им докажуваме освен да разоткриваме дека тие имаат вештачки
идентитет, кои навистина го имаат, меѓутоа тие сакаат да не избришат за да го
узурпираат нашето македонско наследство.

Грците тврдат дека цела географска и историска Македонија е грчка, тогаш современите
Грците ќе треба да покажат дополнителен доказ за (1) зошто не ги регистрирале своите
побарувања во текот на потпишувањето на Букурешкиот договор од 1913 година и (2)
зошто тие при поделбата на Македонија доброволно им дозволија на Србија и Бугарија
да земат 49% од македонските територии.
На крајот авторот Риато Стефов вели дека неговата цел во оваа книга е да покаже дека
современите Грци не само што немаат право на тоа македонско наследство, туки и не
треба ни да имаат право да се нарекуваат Грци. Под високо полираниот „современ грчки
фурнир“ се крие вештачки создадена нација конструирана од коски и пепел на
македонската, албанската, влашката и турската култура што некогаш цветале на тие
простори.
Во продолжение поранешниот пратеник во Собранието на Република Македонија Трајче
Димков го презентира текстот на Александар Донски за промовирањето на книгата „Меѓу
партизаните на Маркос“ во телевизискиот пренос во живо. Во текстот се вели дека на
денот на македонската државност 8 септември во Штип била одржана традиционалната
свеченост организирана од Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија.
Целата манифестација била пренесувана во живо од регионалната М-нет од Штип, која
има гледанаост од повеќе десетици илјади граѓани на Република Македонија, а може да
се следи и преку социјалните мрежи.
Во продолжение е поместен текстот на Милчо Јованоски кој се однесува на
промовирањето на стихозбирката „Секојдневен ореол“ од Оливера Јовановска и текстот
на Фиданка Танаскова за книгата ,,Аманети за битолчани“ од авторките Оливера
Јовановска и Вера М. Самарјанин.
Посебно место имаат текстовите за романот „Ако се родат некакви чувства“ на Блаже
Миневски кој ја освои годинешната награда на ДПМ за најдобра прозна книга и
информацијата дека излезе од печат книгата „Избрани песни“, на англиски јазик од Славе
Ѓорѓо Димоски. Потоа се поместени песната „Има еден голем ден – Илинден“ од Виолета
Аларова и песната „Аманет илинденски“ (За Питу Гули и неговата чета) од Биби Челик.
Во текстот на Фиданка Танаскова под наслов „Македонско културно наследство – во
светската ризница“, меѓу другото, се вели дека библиска Македонија распослана на
Балканот, и не случајно наречена – земјата на Сонцето, ја краси непроценливо
милениумско културно богатство, а дел од него е впишано и опишано и во светските
ризници и науки, како значајно културно наследство. Македонија ја красат многуте
природни убавини, прекрасни духовни светилишта, села и градови, раскошните планини и
полиња, ја красат езера, кои се меѓу најстарите во Европа, а илјадниците археолошки
предмети од векутума се непорекливиот сведок за многувечноста македонска.
Во продолжение е поместен текстот на авторот на овие редови, Славе Катин, под наслов
„Од активностите на Американско-канадско-македонската црковна епархија“, а се
однесува на одржувањето на јубилејниот 50 - ти Црковно народниот собир во
Македонската православна црква „Свети Петар и Павле “ во Гери, Индијана, во САД, како
и текстот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) и НПО Крсте Мисирков кои го
најавуваат Вториот Солунски форум за човекови права, кој ќе се одржи на 19 октомври
2024 година, во Солун, Грција (Егејска Македонија).

Посебен простор во овој број е посветен на инфомацијата коаја се однесува на
Македонците кои станаа општински советниви во локалната власт во Нов Јужен Велс, а
тоа се: Луи Стефановски, Крис Саравиновски, Боб Петрески, Оливер Димовски, Стево
Ташковски и Стефан Николовски, како и на одбележувањето на 40 годишнината на
училиштето каде се негува македонскиот јазик и традициите во Лајор Норт во Мелбурн.
Во бројот 69 на списанието „Повод“ се поместени текстовите „За тебе мајко“ од
Гордана Димовска и „Соработка со дијаспората“ од Биљана Челик. Исто така, е поместен
текстот од Славе Катин за поетот Бошко Рајчовски-Пелистерски под наслов „Македонија
– една и единствена партија“. Во текстот се вели дека Бошко е успешен Македонец во
САД кој дава јасен белег за македонскиот феномен печалбарството и за општеството во
кое се интегрирале Македонците во светот. Бошко Рајчовски-Пелистерски новинар и поет,
како и презентер на големиот број аспекти во дијаспората од културата, литературата,
јазикот, журналистиката, историјата, науката и религијата,
Во продолжение се поместени текстовите под наслов „Македонците – пионерите во
заштитеното подводно нуркање“ од Александар Донски, „Легенда за Света Ирина“ од
Гордана Димовска, „Домашно природно лечење на настинка“ приредено од Мена
Ристевска и рубриката „Еден поет, една песна“ што ја подготвил Иван Трпоски со песната
„Севдалинка“ од Никола Стилковски.
И на крајот во бројот 69 на списанието „Повод“ е даден историскиот разво на
Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, кое 45 години
промовира македонска литература, 44 години има библиотекарски услуги, а 39 години
врши издавачка дејност. Исто така, е дадено Соопштението за традиционалниот награден
конкурс „Прличева награ“ за поезија и проза за возрасни и деца.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН





Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.