С.С - Прославуваме 25шен јубилеј кој го одбележуваме со концерт во големата сала на Македонска Филхармонија. Концертот е со наслов "За МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ". Од уметничка страна нтензивно работиме на музичките проби, подготовки и секој што е ангажиран го вложува својот максимум. Инаку во врска со поддршката сакам да го кажам следново. Со ваков наслов седум години конкуриравме за концерт пред Министерството за култура и немаше национален интерес за изворна македонска музика, каде се опеваат заслужни дејци и секаде каде се опева Македонија. Еве годинава, бидејќи беше изборна проектот помина. За жал, помина на второ разгледување и доби 51 бод, од комплетно некомпетентни членови на комисија, луѓе кои немаат никакво познавање и чувство за изворна музика и за тоа кој е ансамблот и што се има направено за Македонија и за Македонците. Проектот е поддржан со помалку 25% од вкупните и реални трошоци за организација на ваков настан. Никаква друга поддршка или донација немаме од никого, ниту спонзор кој стои позади нас. Пробавме нешто да организираме, но ние сме тие да се пофалиме на маса за патриотизам, а на дело, бегаме, или трчаме да ги гледаме странските гости од соседните држави и да се удираме во гради. Има многу што да кажам, но доволно е во врска за поддршката.
М.Т - Што
се влегува во организирањето на овој јубилеј?
С.С - Во организација влегуваат многу работи почнувајќи од музиката па завршувајќи до завршниот или свечениот коктел. Ангажирање членови, осмислување на програма, избор на песни и ора, мелографирање, изработка на аранжмани, проби..... многу труд и работа. Договарање слободен термин со Филхармонија, обезбедување на лица за обезбедување, озвучување, видео снимање, маркетинг менаџер, редари или водичи во салата, видео бим, видео кран, ангажирање на камери, он лајн продажба на карти ,печатење на карти ,плакати, програми, договор за настап.... премногу други работи ,....нема крај од набројување.
3. Како вие го опишувате 25 годишното работење? Што значи
овој изминат период и дали нешто би смениле?
С.С - Да се направи еден ансамбл не е лесно, но уште потешко е да се одржи. Има многу предизвици и перипетии, многу напор, труд, падови и успони, но кога во сето тоа ќе дадете љубов, доаѓаат резултатите. Настапи ширум светот, спомени, анегдоти, смеа, многу музика, многу вложување, многу поддршка од семејството, од родителите од сопругата...тоа е нешто што човек не може да го опише но сето тоа е пат трасиран од нашите предци по кои јас чекорам со цел да се остави нешто за Македонија и Македонците. Овој изминат период значи белег во македонската музичка историја, наше заедничко културно битие и суштината на нашето постоење со свој национален дух и идентитет и ентитет. Јас би изменил само за себе, а тоа е да не се фали тој што не заслужува или што треба да застане 100 места после мене, а не до мене, а втората работа е дека треба јавно да се каже дека во овие 30 години самостојност се форсирале лажните вредности, се измислувале и издигнувале некакви авторитети кои си споделувале титули, без никаква суштествено познавање на изворната музика, инструменти, фолклорот воопшто. Се создавал комплетно незаинтересиран кадар за суштествените македонски музички духовни, нематеријални и културни вредности во општеството. За жал тоа вроди почва за Цеца, Аца, Северина и други...
М.Т - Што е за вас најголемото достигање?
С.С - Најголемо достигнување за мене се моите предавања на катедрите по етномузикилогија на светските универзитети во Болоња, Ванкувер, Илан-Тајван, Тајпеј, Токио, Санта Барбара, Умео Шведска,..и многу други, моите препораки побарани од овие Универзитети и дадени за упис на нови студенти кои го посетиле мојот семинар. Настапите на националните ТВ и Радио програмите ширум светот, објавите во националните пишани медиуми, настапите на олимпијадите во Сараево и Лондон, концертите пред 25.000 луѓе на Трафалгер Сквер и Токио,... многу имам достигнувања
М.Т - Има
ли планови за некој нов проект или турнеја во Австралија.
С.С - Имам
планови за нови проекти со Бог напред да сме здрави и живи следуваат концерти
(не прослави како меѓу нашинците) во Хрватска, имам во план голем проект со
една светски позната група од Данска за друго ќе Ве информирам дополнително.
Немам ништо на повидок ниту имам било каква покана од нашите Македонци од
Австралија, но тоа не значи дека нема да добијам, но ќе мора да биде навистина
мотивирачка и инспиративна понудата.
No comments:
Post a Comment