Friday, June 27, 2025
The genius with beautiful stories Sime Mladenovski presents Macedonia to the world with tradition, customs and love for the people
Генијалецот со убави приказни Симе Младеновски ја презентира Македонија во светот со традиција обичаи и љубов кон народот
Симе – Да, добив
две златни плакети на Арт Филм фестивал Ниш за Јад и Копнеж филмови што
зборуваат со срце.
Апсолутно имаме изворедни таленти режисери актери
сценаристи.Потребно ни е повеќе подршка и поврзаност со меѓународни платформи
но квалитетот постои.Ние сме жив доказ дека со напорна работа се стига и во
Америка Кан Берлин.
Клучот е во почитта секоја култура носи своја енергија и свои вредности а ако ги разбереш и вградиш во автентично во филмското дело успехот доаѓа природно .Работата на интернационални проекти ми ја прошири визијата и ми помогна да напредувам и адаптирам.
МТ – Од кога се занимвате со филмска уметност и што значи тоа за вас?
Симе - Љубовта кон филмот ја носам од
најрана возраст.Се сеќавам на деновите кога сите чекаа да почне некој вестерн
филм и можеби тоа ме потикна да почнам да експериментирам со камера и тоа е
некоја чудесна енергија која те опфаќа и држи многу долго.Тогаш разбрав дека
тоа ќе биде мојот животен пат и дека ќе се занивам со тоа целиот мој живот и
таа посебна љубов да креираш да ги пренесуваш судбините на еден народ на
филмско платно е голема јачина која не може секој да ја разбере и прифати.
Се радувам кога луѓето гледаат подлабоко јас не давам одговори отварам прашања филмот е разговор а не монолог.Ако некој ја слушне пораката значи вредело.
Saturday, June 14, 2025
ДА ЈА ЧУВАМЕ ТРАДИЦИЈАТА
Традиција, што е тоа? Многу често се користи овој збор но некои и не знаат како да го објаснат. Важно е дека сите сакаат традиции. Во речникот вака се објаснува - Усно пренесување на историски факти, предание. Народна традиција. Или верувања, обичаи, правила на однесување што се пренесуваат од поколение на поколение. Ги сакаме традициите затоа што не потсетуваат на минатото и ни даваат чувство дека имаме препознатливо место во историјата. Стануваме чувари на културните богатства пренесени од претходните генерации, што нè прави витална врска помеѓу минатото и иднината. Традициите ни даваат заеднички идентитет и чувство за вредност. Нивното одржување станува важна задача и понекогаш се гордееме со тоа колку внимателно ги чуваме и промовираме.
Но колку веруваме
дека се е така и дека се толку многу значајно па да треба навистина да се
пренесува од генерација во генерација.
Традициите можат да ги зајакнат социјалните врски и да ја промовираат соработката во рамките на заедниците. Споделените ритуали и прослави можат да создадат чувство на единство и заедничка цел. Учеството на фестивал во заедницата или религиозно почитување може да ги зближи луѓето и да поттикне чувство на припадност.
Sunday, June 8, 2025
ШТО СО РЕКЛАМИТЕ?
Saturday, June 7, 2025
THE MACEDONIAN GENIUS WITH THE GLOBAL INPRINT IN THE FILM INDUSTRY
МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ
MT – долго време сте
во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како
беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност?
Симе - Македонскиот
гениј со глобален печат во филмот.Се сеќавам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на
телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се
почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат и идна моја професија.И така беше тоа е како
некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш
секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш така најдобра
ќе биде онаа која при самата монтажа најдобро се вклопува во та целина.
МТ – Каков е
патот по кој врвите, кој е рецептот за успех?
Симе - Клучот е во поччита секоја култура носи свои вредности своја култура а ако ги разбереш и се вградиш во филмско дело успехот доаѓа природно. Работата на интернационални проекти ми ја прошири визијата и ми помогна да се адаптирам и напредувам во оваа филмска сфера. Филмот не е лесна играчка за тоа се потребни многу финансии и многу вложен труд многу непреспиени ноќи и консултации со тимот.
Friday, June 6, 2025
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 72’ ДЕЛО НА МЛД „ГРИГОР ПЕРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕJ
Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави јунскиот бр. 72 од списанието „Повод“ кое е наменето за литература и култура. Новиот број на сисанието „Повод 72“ е издание за литература, култура, историја и општествени прашања. Него го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“, во чија редакција се : Душан Ристевски-Македон (Главен и одговорен уредник), Иван Трпоски,Мена Ристевска Соработници: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Фиданка Танаскова, Александар Донски и Славе Николовски Катин (Македонија) Технички уредник/Дизајнер: Александар Донски
Јунскиот бр. 72 од списанието „Повод на насловната страница ја содржи фотографијата на писателот Крис Срефо или Ристо Стефов, како што им е познат на Македонците. Тој е писател кој живе и твори во Канада и кој ја афирмира Македонија од античко време до денес. Стефов е добро познат во македонската заедница во Торонто, а е афирмиран автор во македонската дијаспора и во етничка Македонија. Ристо Стефов е автор на поголем прој публикации со кои се покажа и долажа како вљувеник во историјата и вистина за македонскиот народ и етничка Македонија.