Skip to main content

ШТО СО РЕКЛАМИТЕ?


Како би се живеело без реклами? Колку да им веруваме на рекламите? Можат да бидат убедливи, но до нас е да го оцениме вистинскиот квалитет на се што се рекламира. 
Во дамнешно време Египјаните користеле папирус за да ги пренесат своите рекламни пораки. Во античко време рекламните пораки биле изведувани со боење на камен и по ѕидовите. Денес не може да се замисли пласирање на производ, идеја, вест,кампањи без реклами. На секој чекор, во секој момент каде и да погледнеш, се заприметуваат рекламни табли, банери, звучни реклами, видео реклами, текстуални пратени на мобилните телефони. И колку и да сакаш да ги одбегнеш, невозможно е затоа што ги има насекаде и на се. Се чини дека некому е од суштинско значење  да го пробие својот пат во јавноста. На некои им помага да се збогатат и популаризираат, а некои да пропаднат.

 Секој вложува во промовирање а успешноста зависи од многу фактори меѓу кои најважни се конкуренцијата,ексклузивноста и понудениот  квалитет.

Според научниците, рекламирањето е желба за успех на одреден производ или стекнување на популарност. Сакале или не, рекламата го поттикнува, но и го тестира потрошувачот. Кога некој сака да купи нешто, размислува за потребата, трошоците, квалитетот, вредноста на самиот производ. Рекламата е тука брзо да те убеди.
Потрошувачот е тој што одлучува дали му треба и колку му треба нешто.
Храната и облеката се неопходни во животот на човекот. Тие не мора да бидат на тв реклами па да бидат купени. Кога е некој гладен му е потребна храна, кога некому е студено, му треба облека. Луѓето сами знаат каде да се снабдат со овие неопходни работи..

Многу мал е бројот на луѓе кои не се афектирани односно не поверувале на телевизиските реклами. Всушност, на овој  медиум најчесто се гледаат рекламни спотови без кои не можи да се замисли опстојувањето на самиот медиум. За само 20 секунди рекламен материјал на тв, наплаќаат $150.000. Мулти милијарерските корпорации кои управуваат со телевизиските мрежи, не би можеле да бидат тоа што се, без телевизијата. А да се зборува за телевизија, невозможно е да не се спомене и рекламирањето. Овој медиум се користи и за инфомерцијал каде што се рекламира и купува инстантно на дадените телефонски линии.


Еден американски научник  смета дека телевизиските реклами не секогаш  ја кажуваат вистината, ниту фактите. Преку нив всушност се наметнува некој нов стил, начин на живеење, и можност за избор дури и кога нема избор. Нивната работа е да да го пласираат производот со неговите ’посебни’ квалитети а недостатоците ги прикриваат откриваат. Старите често велат: “ако било убаво, не се рекламира“, или “се рекламираат тие на кого не им оди од рака“. Можеби донекаде има и вистина во тоа. Не е се толку добро како што е претставено нити пак вложувањето во скапи реклами го дава посакуваниот ефект.  

 Со појавата на интернетот во деведесеттите години рекламирањето доживеа вистински бум.  Социјалните мрежи како еден нов флексибилен и ефтин  начин на рекламирање и промовирање на идеи, кампањи.

 И додека се се врти околу  милиони потрошени  за  реклами , во светот постојат 713 до 757 милиони, што претставува еден од секои 11 луѓе во светот. Ова е значаен проблем, со над 2,3 милијарди кои се соочуваат со глад. Доколку барем мал дел од  државните буџети се одвои за оваа сериозна појава, гладните, бездомни и настрадани луѓе би имале парче леб в рака и покрив на главата. Само во Америка има 45 милиони гладни луѓе. Во Африка, Азија и Латинска Америка има 500 милиони луѓе кои живеат во сиромаштија а секоја година во светот умираат 15 милиони деца.

Според статистиката на Светската здравствена организација, една третина од светот е исхранета, една третина недохранета, а една третина гладува. 3 милијарди луѓе во светот се борат да преживеат со само 2 долара на ден.

Во Австалија има 3.4 милиони луѓе кои се соочуваат со немање на храна a 116 илјади бездомници.

И во 21 век светот, никако да се справи со овој сериозен проблем. Зборот глад, се уште го има истото значење – недостиг или немање на храна за луѓето да можат да водат активен и здрав живот. Сиромашните не располагаат со средства за задоволување на основни потреби додека богатите имаат се и треба да им помогнат на загрозените.. На крајот завршувам со зборовите на Папата Бенедикт Шеснаесетти, За да се бориме и да ја победиме гладта важно е да ги редефинираме принципите, кои досега ги определуваа меѓународните односи.  Тие треба да се засноваат на човековата солидарност и нејзиниот одредувачки принцип – љубовта“.

Пишува: Гордана Димовска











Macedonian Timeline Australia


Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.