На 21 февруар, 2026, Ma кедонското литературно друштво "Ванчо Николески" од Квинбијан прославуваше 9 години од своето формирање. Воедно на овој ден познатиот поет, писател и основач на друштвото Наум Трајчески, направи промоција на убаво то поетско дело " Шарени дијаманти" . А место на одржување беше Македонскиот центар Св. Илија, Квинбијан. Присутните беа воодушевени од достојното презентирање на делови од книгата а и од гостопримливоста, и богатата трпеза подготовена од членовите на пензионерското друштво при црковната општина Св Илија.
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ