Skip to main content

МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА УТРЕ 9 МАРТ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА НАЈСПЕКТАКУЛАРНАТА МУМБА ПАРАДА ВО МЕЛБУРН


Во чест на Денот на трудот, градот Мелбурн секоја година одржува фестивал наречен Мумба. Фестивалот трае 5 дена а круна на се е парадата. Почетоците датираат од 1951 година, кога Мелбурн прослави педесет години од Федерацијата со парада и поставување на театарската продукција „Абориџинска Мумба: Надвор од темнината“. Следната година, последната поворка за Денот на трудот се одржа во Мелбурн. Во 1954 година, кралицата Елизабета II го посети градот на нејзиното прво појавување како владејачка монархија, доведувајќи илјадници луѓе во центарот на градот. Здружението за развој на градот и Градскиот совет на Мелбурн го видоа потенцијалот и одлучија да се претвори во годишна  - Фестивалот Мумба. Првиот фестивал официјално беше отворен во 1955 година. 

Мумба парадата ги опчини срцата и имагинациите на жителите на Мелбурн, и до ден денес ја оживува виталноста и енергијата на овој фестивал. Инаку зборот Мумба (земен од Абориџинска тв серија) значи ‘Ајде сите да се дружиме‘. Емигрантите кои се доселиле на австралискиот континент имаа можност да го слават нивното културно наследство отсликано преку разнобојните традиционални костими и музички кореографии. Македонската заедница од Викторија оваа година одлучи да настапи и тоа со 7 фолклорни културно уметнички друштва кои настапуваат обединети како едно.

Парадата започнува во 10.45 но бидете таму барем еден саат порано да најдете подобро место за следење на учесниците и фотографирање.

Гордана Димовска 


  • Date & Time: Monday, March 9, 2026. Entertainment starts ~10:30 am, parade begins at 10:45 am.
  • Location: Starts at the Shrine of Remembrance, travels along Birdwood Avenue, and finishes at Linlithgow Avenue.

Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...