Skip to main content

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 76“ ОД СИДНЕЈ - ПОСВЕТЕНО НА ГЕРМАНСКО-МАКЕДОНСКИОТ АВТОР САВО КОСТАДИНОВСКИ


https://mactel.com.au/wp-content/uploads/2023/09/2-26.jpegПишува: СЛАВЕ КАТИН


Македонското литературно друштво (МЛД) „Григор Прличев“ од Сиднеј го објави априлскиот бр. 76 од списанието „Повод“, кое е посветено на познатиот и признат македонски и германски поет, раскажувач, патописец, публицист, писател за деца и возрасни - Саво Костадиновски, кој е автор на 140 дела


Списанието Повод“ е наменето за литература и култура и   успешно ги промовира македонскиот јазик, литература, култура и Македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Тоа е значајно иселеничко гласило кое го издава Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, во чија редакција:се: Душан Ристевски-Македон (главен и одговорен уредник), Иван Трпоски, Мена Ристевска и соработниците: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Александар Донски, Фиданка Танаскова и Славе Катин (Македонија). Технички уредник и дизајнер е Александар Донски.

Новиот број на сисанието „Повод“ на насловната страница ја содржи фотографијата на поетот Саво Костадиновски од Германија. Според неговите биографски податоци, тој е роден на 30 мај 1950 година, во  Горно Ботуше, Македонски Брод. Од 1971 година живее и работи во Германија, а од 1973 во Келн. Има завршено (дописно) средно машинско техничко училиште при Работничкиот универзитет „Нов Белград“ во Белград и три степени висок степен за технички инженер, во Келн. Во 1973 година, тој pаботел и се школувал во градот Келн, Германија, каде го минува поголемиот дел од својот животен и работен век.

Публицистичките постигнувања на писателот и поетот Саво Костадиновски од поодамна се познати на иселеничката и на јавноста во Република Македонија, како и на германската читателска публика. Тој како Македонец во Германија е познат и признат не само во Келн каде што скоро 5 децении живее и твори, туку и пошироко во Германија.

Саво Костадиновски е еден од најистакнатите македонски автори во иселеништвото. Неговото обемно поетско  и прозно творештво брои околу 140 досега објавени книги поезија и проза за деца и возрасни. Како човек со два дома, еден во,Македонија и еден во Германија, тој е автор има 44 книги поезија и проза кои се објавени двојазично, на германски и на македонски јазик. Притоа, неговите дела наидоја на добар прием кај германските читатели.


ПОВОД бр. 76, април 2026-1_page-0001




































Во овој број на „Повод“ е даден списокот на негови објавени дела и тоа: За деца и млади; Поетските книги за возрасни и Проза за деца и возрасни. Потоа се поместени следните негови песни: „Срцето на Татковината“ и песната „Кога пишувам песна за Македонија“,Татковина“,Ехото од Татковината“, „Македонија“, „Името Македонија“, „Тоа е Македонија„ и  „Низ огнот на историјата“ продолжение на овој број е даден интересен текст под наслов “Разговор со песмртниот поет Јован Котески“, во кој е забележана неговата инспирирација од книгата „Живожарица“, со тема од времето проведено во затвор, воедно и некоректноста на Европската Унија кон Македонија. Потоа се поместени неговите песни: „Светлината на вечниот сон“, „Јас сум историја“. „Идентитет“,  „Македонија – од славна империја до распаќе“ и песната „На Бадник во Порече“.

Посебен просто во овој број на „Повод“ е посветен на текстот „Промоција на две книги од Иван Трпоски“ од Душан Ристевски-Македон. Во него се вели дека на 14 март во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ во населбата Рогдел (Сиднеј), МЛД „Григор Прличев“ ја одржа промоцијата на книгите: „Од архивата на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Исповед кон мајка ми Љуба“ од интернационално признатиот писател, поет Иван Трпоски. 

Треба да се одбележи дека Иван Трпоски членува во МЛД „Григор Прличев“ од самиот почеток каде е и прогласен за почесен член. Покрај тоа што завзема функција на Библиотекар и Архивар, тој е во редакцијата на списанието „Повод“ кое елктронски се издава повеќе години. Тој е исто така и член во „Друштвото на писатели на Македонија“ и на „Друштвото на новинари на Македонија“. Покрај тоа што е застапен во повеќе антологии и зборници во Австралија, Америка и Македонија, Трпоски е автор на повеќе поетски и прозни дела..

Исто така, тој е наградуван повеќе пати за својата литературна дејност како со „Иселеничка Грамота“ од Матицата на иселениците од Македонија, наградата „Стојан Христов“ од „Струшките вечери на поезијата“ и „Златен клас за македонски вознес“ од „Пелагониските културни средби“ од Новаци, Битолско. За општествена дејност во Дијаспората од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов доби „Медал за заслуги за Македонија“, Медал за животно дело“ од „Обединета македонска дијаспора„, наградата  „Александар Македонски“ за култура и уметност“ од „Македонскиот театар“ од Сиднеј и др.

            Во продолжение на списанието е даден текстот под наслов „Издавачката куќа Макавеј“ го објавила новиот роман „Волкот“од Константин Дораковски“ - дело во кое писателот се оддалечува од широките општествени и историски теми и длабоко навлегува во индивидуалната човечка психа. Дипломатот Константин Дораковски ја отвора вечната дилема за природата на доброто и злото во човекот, градејќи ја приказната околу ликот Велјан, млад човек чија внатрешна борба меѓу светлината и темнината прераснува болна и мошне емотивна лична одисеја.

         Паралелно со приказна, авторот Дораковски мајсторски ја вметнува алегориската линија на „штркот“ и „волкот“ – двете спротивставени сили што ги симболизираат добрината и злото во човековата природа. Затоа може да се каже дека „Волкот“ е роман во кој секоја страница го поттикнува читателот да се праша: што нè оформува – љубовта, болката или изборите што ги правиме?

Исто така во овој број на „Повод“ е претставен текстот на една од најпознатите македонски литературни творци од Австралија, Гордана Димовска, под наслов „9 Годишни-цата од постоењето на МЛД „Ванчо Николески„  и промоција на стихозбирката „Шарени дијаманти“, што се одржа на 21 февруари 2026 година. Тогаш Maкедонското литературно друштво "Ванчо Николески" од Квинбијан прославуваше 9 години од своето формирање. 

Во продолжение Душан Ристевски-Македон го презентира текстот под наслов „Д-р Васил Тулевски прогласен за почесен член на Литературното друштво „Григор Прличев“ во Сиднеј“. Во текстот, меѓу другото се вели дека покрај медицината и шахот негово хоби е рецитирање поетски творби и учење јазици. Инаку, покрај македонски и англиски, д-р Тулевски течно зборува француски, шпански, руски, српски и бугарски јазик. По пензионирањето го изучува и добро владее со индонезискиот јазик. Редовно членува во Литературното друштво „Григор Прличев“ од самиот почеток и редовно ги финансира активностите на истото. Д-р Тулевски е голем филантроп и тој е најголемиот финансиер за издавање македонска литература во Австралија. Неговата омилена поема е „Вардар“.

Исто така, авторот на овој текст Славе Катин го презентира текстот под наслов „Македонска нација “(1971-1990) – Минхен и (2009-2026) во Македонија“.Гласилото „Маке-донска нација" беше регистрирано како независно списание за општествени прашања и култура, како двомесечник и се печатеше во Минхен. Првиот број е отпечатен на 30 јануари 1971 година (како двомесечник за јануари— февруари), во почетните броеви како незавионо гласило, а потоа како орган на „Движењето за ослободување и обединување на Македонија“ (ДООМ) и на „Народноослободителниот фронт на Македонија“ (НОФМ). Денес како Веб-портал „Македонска нација”.mk претставува вистинска нацонална трибина, во која учествуваат сите оние Македонци или Македонки, кои сакаат да работат за доброто и среќата на својата нација и етничка Македонија.

Гордана Димовска, пак, се јавува со текстот во врска со „Платформата за изучување на македонскиот јак за возрасни“. Тоа е дел на јазичната платформа Language Trainers во Мелбурн, која ja започна својата мисија во 2004 година, со цел да им помогне на учениците од целиот свет да учат јазици.

Во продолжение Александар Донски пишува за големиот двоен меѓународен успех на позната штипска оперска пеачка м-р Виолета Арсовска, која на International Youth Music Competitions во Атланта, САД, во конкуренција со пејачи од 23 држави од целиот свет, таа освои прва награда и беше прогласена за „Апсолутен победник“ за изведбата на „Марика мома убава“ од Томислав Зографски во пијано придружба од Трајче Роглев.

Во овој број е поместен текстот за Џорџ Атанасоски од САД од Славе Катин во кој, меѓу другото, се вели дека тој во неговиот живот од  74 годиние е познат македонски бизнисмен, а е уште поголем хуманист, донатор и мецена на многу важни национални културни манифестации во Република Македонија и во прекуокеанските земји, каде живеат и работат многубројни Македонци. Тој дава сеопфатна стручна економска и политичка анализа за состојбите во земјава и пошироко. Атанасоски заслужува големо признание за сето она што го прави за Татковината, за Прилеп и за македонскиот народ .

Многу е интересен текстот на Виктор Бивел под наслов „ Децата на Граѓанската војна во Грција: бегалци и политиката на сеќавањето од Лоринг М. Данфорт и Рики Ван Бош“. Во него, меѓу другото се вели дека книгата прави неколку работи што повеќето други трудови за војната во Грција не ги прават, и токму за некои од тие клучни исчекори во начинот на кој размислуваме за војната и за децата ќе стане збор во книгата.

. Војната погоди илјадници грчки деца и илјадници македонски деца. Емотивни прашања како улогата на нивните родители во војната, разделбата од родителите и селата, сиропиталиштата на кралицата Фредерика, програмата за евакуација на Комунистичката партија во институции во источниот блок, образованието и можностите, враќањето во Грција, враќањето кај семејството, а за некои и кон селскиот живот, доживотното прогонство за многу од македонските деца и животот во други земји. Сите овие прашања се обработени чувствително, додека авторите истражуваат како тие влијаеле и врз грчките и врз македонските деца.

Душан Ристевски-Македон, пак, пишувво текстот „Македонското национално знаме под   од грчките шовинисти“, пишува дека Македонските организации во Мелбурн разоча-рани од дискриминаторската политика одлучија да не настапуваат на Парадата на 9 март, со изговор дека знамето од Кутлеш е македонско национално знаме кое ги обединува и ги претставува сите Македонци од сите делови на Македонија. 

Со тоа се прекина една традиција што траеше од 1960 година, а за тоа, организа-торите на Фестивалот беа остро критикувани на социјалните мрежи, поготово што градона-чалникот на Мелбурн Николас Рис е од грчко потекло и дека не смееше да му „потклекнува“ на притисоците на една заедница која е позната по своите шовинистички и немулти-културни ставови кон Македонците.

Во продолжение Ристо Стефов го презентира текстот на англиски јазик под наслов  „Окупација на Македонија“, во кој е забележано дека Македонците дадоа сѐ од себе и се бореа храбро до последниот војник, но дисциплинираната римска воена машинерија и нејзиниот стил на борба се покажаа како супериорен и битката беше изгубена. Тоа беше крај на Македонија и на македонската независност. Македонскиот крал Персеј беше одведен во Рим како воен заробеник, или, како што вели Питер Грин, „за да го украси триумфот на Паулус богат со богатство“. Тогаш Македонската монархија беше укината, а Македонија беше демилитаризирана и поделена на кантони за никогаш повеќе да не може да возврати. Како понатамошно осигурување на нејзината пасивност, македонските водачи беа заробени и однесени во Рим

.Во овој број на „Повод“ е поместен текстот под наслов „Во Австралиската војска од 17 век имало двајца капетани Македонци“! (Објавени неодамна пронајдените оригинални писма од царот на Светото Римско Царство Леополд Први од 17 век, со кои го зема под заштита македонскиот народ).

Исто така посебно внимание привлеку текстот за песната “Раѓањето на Александар Македонски” која била испеана во 1860-те години од страна на слепиот селанец Јован Михајлов, а запишана е од Стефан Верковиќ. Текстот на песната е многу долг — во документите што ја споменуваат има дури 263–306 стиха (во различни верзии) — што е типично за епски народни претстави за историјата и легендите за историските личности.

Во рубриката „Поети од Македонија“ е претставена Даниела Андоновска-Трајковска, родена на 3 февруари 1979, Битола, Република Македонија, која е наградувана поетеса, писателка, доктор на науки по педагогија од областа на методиките, универзитетска професорка на Педагошки факултет - Битола, книжевна критичарка, уредник на Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“, била главен уредник на „Раст“. Била и во редакција на „Стожер“, а сега е во редакција и на „Книжевни елементи“, коосновач е на Центарот за литература, уметност, култура, и јазик при Педагошкиот факултет-Битола, член е на „Друштвото на писатели на Македонија’, актуелна претседателка на „Македонското научно друштво“ – Битола.

Во репортажниот тект за селото Брник, Битолско, пак  Божин М.Андоновски пишува дека тоа се наоѓа  на источната страна од Битола на оддалеченост од околу 35 километри асфалтен пат кој води преку селата: Логоварди, Новаци, Маково и Рапеш. Потоа уште околу еден до два километри патување по патот за Старавина, од десната страна се дели стрмен и земјен кривулест шумски пат со должина од околу 3 до 4 километри по кој се доаѓа до селото Брник. Тоа се наоѓа во реонот на Мариово, сместено во источниот дел на Селечка Планина.

Потоа во списанието е поместена рубриката „Еден поет, една песна“ од Иван Трпоски, во која е застапена Весна Стојкоска со песната „Светиот двор“. Таа. е родена на 17.06.1965.во Прилеп. Од својата 16-та година живее со своето семејство во Белград каде завршува средно училиште и Саобраќаен факултет. Досега има објавено две книги поезија на српски јазик "Застој" и "Пресабирање"

На крајот на списанието „Повод 76“ е пресентирана информацијата за театарската претстава на МЛД „Григор Прличев“ под наслов „Клеопатра од Кравари“, чиј автор и режисер е Душан Ристевски-Македон, а ќе се одржи во поголем број австралиски градови во мај месец.  Улогите ги толкуваат: Гордана Милошевска, Самоил Митревски, Васко Србиновски, Марија Александрова, Марика Стојанова-Рок, Јордан Трпковски, Иван Конески, Даниел Најдоски, Рубин Нешкоски.


111222333 copy



Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.