Skip to main content

9 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА МЛД "ВАНЧО НИКОЛЕСКИ" И ПРОМОЦИЈА НА СТИХОЗБИРКАТА “ШАРЕНИ ДИЈАМАНТИ”

На 21 февруар, 2026, Maкедонското литературно друштво "Ванчо Николески" од Квинбијан  прославуваше 9 години од своето формирање. Воедно на овој ден познатиот поет, писател и основач на друштвото Наум Трајчески, направи промоција на убавото поетско дело "Шарени дијаманти".

А место на одржување беше Македонскиот центар Св. Илија, Квинбијан.

Присутните беа воодушевени од достојното презентирање на делови од книгата а и од гостопримливоста, и богатата трпеза подготовена од членовите на пензионерското друштво при црковната општина Св Илија.

На свеченоста присуствуваше и претставник од македонската амбасада во Канбера како и претседателката на литературното друштво “Кочо Рацин од Мелбурн“, Гордана Димовска, членовите Лидија и Љупчо Стојаноски. Од Мелбурн допатуваа и Доктор Емил Попорданов и Снежана Џамбазова – Попордановска.

Програмата започна со песната “ТАТКОВО ОГНИШТЕ” a ја прочита Јовица Ѓоргоски. Исто по една прсничка прочитаа и ученичките од училиштето КАРАБАР,  Марија и Ана Петкоски.

И на крајот  Наум Трајчески прочита 2 песни од збирката Шарени дијаманти.

 Своја поезија прочитаа Гордана Димовска, Емил Попјорданов, Ристе Петревски. Биографија за Наум Трајчески прочита, Снежана Димитровска. Лидија Стојаноска, Роза Ночевски и Биљана Петрова читаа поезија и рецензија за книгата а воедно беше прочитана и рецензијата од Милчо Јовановски.

Наум Трајчевски ја водеше програмата на денот, а водителка на промоцијата беше Биљана Петрова.

Во името на МЛД Кочо Рацин - Мелбурн, Гордана Димовска му врачи признание за успешното промовирање на македонската литература и јазик во Австралија при што доби и благодарница од претседателот Наум Трајчески за значаен придонес во работата и промоцијата на МЛД "Ванчо Николески" од страна на МЛД "Кочо Рацин" Мелбурн.

 Гордана Димовска во кусото обраќање рече: Овој настан не можеше да се случи на поубав ден, меѓународниот ден на мајчиниот јазик. А за нас македонскиот јазик кој е вистинско национално богатство кое го носиме секаде и секогаш со нас. Јазикот треба секогаш да го чуваме и негуваме без разлика каде живееме. Отсекогаш сме имале успешна соработка која ќе ја продолжиме и понатаму во духот на зачувување и негување на македонскиот јазик и литература. Честитки до Наум и му посакуваме уште многу дела и јубилеи.






Шарени дијаманти
Ќе ве посадам во моите песни
им ветив на пролетните цвеќиња.
да расцветаат пред месец мај,
како дел од мојот животен пат.

Се понудив на пролетните птици,
птици преселници, по долгиот пат
пред да се вгнездат под стреите
да им посадам цвеќе ви градините.

Девојките облечени во носии,
со китки цвеќиња миризливи во рака
го покажуваа патот кон селото
на гостите - птици преселници.

И цвеќињата и птиците и девојките, 
закитени како шарени дијаманти.
Одамна веќе ги нема по селата
одлетале заедно по белиот свет.

Затоа ги китев улиците со гороцвет
и пишувам по некоја омилена песна.
Да се одржам себеси каков што сум,
до моето идно враќање во селото.

Од стихозбирката 'Шарени дијамнти" - Наум Трајчевски 

Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...