Skip to main content

ПРОМОЦИЈА НА ДВЕ КНИГИ ОД ИВАН ТРПОСКИ

Промоција на книги во Сиднеј

На 14 март во просториите на Македонскиот културен центар „Илинден“ во населбата Рогдаел (Сиднеј), Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј ја одржа промоцијата на книгите: Од архивата на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и "Исповед кон мајка ми Љуба" од интернационално признатиот писател, поет и публицист ИВАН ТРПОСКИ.

На промоцијата присуствуваа стотина посетители, љубители на пишаниот збор од градовите Сиднеј, Вулунгонг и Њукастел. Поздравна реч даде претседателот на МЛД „Григор Прличев“ Душан Ристевски кој исто ги запозна присутните со животот и делото на поетот Трпоски. Потоа професорката  Катарина Ципушева даде опсижен извештај за вредноста на двете дела кои се од огромна вредност за македонската литература во Дијаспората и Македонија.

Првото издание на Од архивата на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ се објави во 2023 година по повод 45 годишницата на МЛД „Григор Прличев“ и истата се промовира во МАНУ од претседсателот на истата установа академик проф. д-р Љупчо Коцарев и проф. д-р Елка Јачева Улчар.

На 660 страници авторот Трпоски презентира богат архивски материјал за работата на Друштвото и истиот макотрпно го собираше и работеше повеќе од четири децении. Промовираното дело во Сиднеј беше второ дополнително издание и истото финансирано од повеќе организации, членови на Друштвото и помагатели – љубители на македонската литература и култура од Сиднеј.

Автобиографското дело Исповед кон мајка ми Љуба се издаде минатата година од Друштвото „Григор Прличев“ со финансиска поткрепа на семејството Трпоски. Истото се промовира минатата година во Охрид во НУБ „Григор Прличев“ од проф. д-р Виолета Ачкоска. Книгата е посветена на мајката на Иван, Љуба, и е двојазично издание кое обилува со семејни фотографии.

Преводот на англиски јазик е на Ристо Стефов од Канада. По повод промоцијата, авторот Трпоски и Литературното друштво, добија

посебни честитки од претседателот на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова, директорот на агенцијата за иселеништво од Македонија, Горан Ангелов, Живко Грозданоски, претседател на ДПМ, Марјан Гијовски, од Државниот архив на Македонија, директорот на НУБ „Григор Прличев“ од Охрид, Христина Трпеска, професор Виолета Ачкоска, претседателот на Литературното друштво „Кочо Рацин“ од Мелбурн, Гордана Димовска, долгогодишните соработници и новинари Фиданка Танаскова, Славе Николовски Катин, Оливера Јовановска, Милчо Јованоски. Исто така се добија честитки и од премиерот на НЈВ Chris Minns и министерот за мултикултура во НЈВ, Steve Kamper .

Инаку, Трпоски членува во Литературното друштво „Григор Прличев“ од самиотпочеток каде е и прогласен за почесен член. Покрај тоа што завзема функција на Библиотекар и Архивар, тој е во редакцијата на списанието „Повод“ кое елeктронски се издава повеќе години. Тој е исто член во Друштвото на писатели на Македонија и во Друштвото на новинари на Македонија.

Покрај тоа што е застапен во повеќе антологии и зборници во Австралија, Америка и Македонија, Трпоски е автор на повеќе поетски и прозни дела како: „Површински корења“, „Големиот брод“, „Оковано море“, „Преселба на запад“, поемата „Тодорка“, „Свитило“, „Меѓу две огништа“, „Немирни ветрови“, „Љубовна имагинација“, „Зад синиот бран“, „Угрејсонце во мојот сон“ (на македонски и англиски јазик), на патeписите: „По патот на сонцето во

Македонија“ и „Македонија моја татковина“. Исто така тој е автор на книгата „Македонски демонстрации во Австралија“ и на биографскиот запис „Спасе Трпоски – живот и дело“, книгата со записи „Македонија не те заборавме“, автобиографијата „Ова е мојот живот“ и на двете горенаведени книги. Трпоски е наградуван повеќе пати за својата литературна дејност како со

Иселеничка Грамота од Матицата на Иселениците од Македонија, наградата „Стојан Христов“ од СВП и Златен клас за македонски вознес од Пелагониските културни средби од Битолското НД. За општествена дејност во Дијаспората од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов доби Медал за заслуга за Македонија, медал за животно дело од Обединета македонска дијаспора, Александар Македонски за култура и уметност од македонскиот театар од Сиднеј и др. Исто е наградуван од македонски и австралиски институции со повеќе награди и признанија за неговото многудецениско работење во промовирање на македонскиот јазик и култура во Австралија.

Д.Р.  Македон

Фотографии од настанот:











Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...