Skip to main content

111 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА ЈАНЕ САНДАНСКИ



https://sitel.com.mk/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2016/april/pred-100-godini-go-ubija-jane-sandanski-pred-110-nikola-karev-205092.jpg?itok=mdFFu6oR
На 22 април 1915 (10 април стар стил), патувајќи од Мелник за Неврокоп, на Пирин
Планина е организиран петтиот атентат врз Јане Сандански, од слугите на бугарскиот двор – врховистите.

Точно пред 111 година, на 22 април 1915 година, Јане Сандански беше убиен во
заседа на патот од Мелник кон Неврокоп, денешен Гоце Делчев. Телото на застреланиот
Сандански, познат како Пиринскиот цар, Сандан паша и Старикот (18 мај 1872 – 22 април
1915), до Роженскиот манастир го пренеле луѓето од еден караван, кои го пронашле, а
неговите следбеници – Пиринци го погребале зад олтарот на црквата „Свети Кирил и
Методиј“, како што се погребуваат владици и високи црковни великодостојници.
Војводата Јане Сандански како стакнат македонски револуцинер и раководител на
Македонската револуционерна организација – ТМОРО-ВМРО..почива под раскошната
крошна на еден стар костен, на околу дваестотини метри пред Роженскиот манастир во
Пиринскиот Македонија.
Македонците од сите делови на Македонија и од македонскот иселеништво кои
доаѓаат да го посетат гробот на Сандански кај црквата „Свети Кирил и Методиј“, таму се
поклонуваат и му оддаваат почит на македонскиот легендарен војвода. Во минатото
гробот на Сандански на кој пишувало дека Јане се борел за човекови права и слобода на
Македонија и, особено на македонскиот народ во пиринскиот дел на Македонија, бил на
неколку километри далеку од црквата „Раѓање на Света Богородица“. Меѓутоа, на сегашниот гроб на надгробна плоча за „Пиринскиот цар“ Јане Сандански го пишува
следното:

Јане Сандански 1872-1915
„Да живееш, значи да се бориш -
Робот за слобода, а слободниот за совршенство“https://sitel.com.mk/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2016/april/132598565.jpg?itok=MxbfTtjw



Како и секоја година досега о оваа година на 26 април се собраа голем број
Македонци од Пиринскиот дел на Македонија, кои, за жал, бугарската власт ги одбива да
регистрираат невладина организација за заштита на човековите права, по што
жалителите се обратиле до Комитетот за човекови права на ООН, тврдејќи дека со
години постои пракса на одбивање на регистрации на организации поврзани со
македонскиот етнички идентитет во Бугарија.
Случајот се однесува на одбивањето за регистрација на невладина организација
за заштита на човековите права, по што жалителот се обратил до Комитетот, тврдејќи
дека со години постои пракса на одбивање на регистрации на организации поврзани
со македонскиот етнички идентитет во Бугарија
Прекршување на повелбата за здружување на македонците во Бугарија изрече
Комитетот за човекови права на ООН со што во наредните 6 месеци ќе бара
одифицјална Софија да преземе мерки за исправка на состојбата откако бугарските
судови не дале конкретна образложение зошто одбивале регистрација на здруженија
за човекови права со што било повредено тоа право.
Така, Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин вели дека одлуката на Комитетот само
го потвrдува она за кое подолго време укажувале и ова е само уште во низата пресуди која

како што вели ја разобличува Бугарската политика која порано или подоцна скапо ќе ги
чини бугарските власти. 
Сето ова доаѓа откако претходно бугарските власти донесоја одлука за десет
годишна забрана за влез на адвокатот Тони Менкиновски кој беше и правен застапник на
Македонците во Бугарија и пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
Инаку, според историските податоци, Манастирот каде е гробот на војводата Јане
Сандански е изградена во 1914 година под ктиторство на самиот Сандански,и е нем
сведок на една бурна историја на Пиринскиот крај и на самиот Јане Сандански кој долги
години битисувал во закрилата на Рожdенскиот манастир. Во мелничката шума на Пирин
Планина, пак, на местото каде што е извршено убиството и каде што буквално лежело
телото на ликвидираниот револуционер, жесток борец за автономна и независна
Македонија, глетка што била овековечена и на фотографија, подигнат е споменик.
Јане Сандански е роден , на 31 мај 1872 година во семејството на Иван Сандански,
на западните падини на Пирин, во селото Влахи, околу бујните и пенести води на
Влахина река, во малата што се нарекувала Санданското. Под селото се наоѓа проломот
на реката Струма – Кресненската клисура која и денес ги чува спомените за подвизите на
Дедо Иљо Малешевски, прочуениот ајдутин, еден од водачите на Кресненското востание.
Според историските податоци, Јане немал ни пет години кога се соочил со ужасите
што ги носат војните. Во 1877 година започнала Руско-турската војна и неговите родители
биле принудени да се засолнат во Горна Џумаја, каде продолжиле да живеат бедно. Една
година подоцна, кога на Берлинскиот конгрес било решено Македонија да остане во
рамките на Османлиската империја, разочарани, Македонците го кренале познатото
Кресненско-Македонско востание.
Знаменосец, барјактар, на една од македонските чети кои учествувале во
востанието, бил токму таткото на Јане, Иван Сандански. По задушувањето на востанието,
за семејството следела уште една преселба, во Дупница, денешна Република Бугарија,
тогаш пограничен град полн со бегалци. Тука пораснал, се школувал, основно и два класа
гимназија, па две години бил чевларски чирак, потоа уште две години работел како
молбописец, па адвокатски помошник кај својот вујко и самостојно.
Спомените на Јане Сандански првично биле објавени на бугарски јазик, а потоа
преведени на македонски, Милетич ги објавил во 1927 година, по смртта на Сандански,
во серијата книги под наслов „Материјали за историјата на македонското ослободително
движење“,
Како што е забележано, спомените на Сандански се однесуваат на неговиот живот и
дејност, од раѓањето до крајот на Илинденското востание и како историографски
податоци нудат богати автентични историски податоци за одделни настани во кои тој
самиот учествувал и за личности со кои имал контакти, заради што се незменлив
историски извор од прва рака. Бидејќи спомените на Сандански се многу прецизни, се
сметаат за значајни од аспект на проучувањето на македонското национално-
ослободително движење.
Во текот на неговата бурна воена и политичка дејност, Јане Сандански ги поминал
сите развојни фази од обичен борец, преку главен војвода, до командант на оперативен
штаб. Во својата револуционерна активност се покажал и како организатор од голем ков.
Бил вешт, одличен организатор на народните маси и во времето на Гоце Делчев,
најмасовна, најдисциплинирана и најбројна организација имало во Серскиот
револуционерен округ, токму под негово водство. Таа негова особина блеснала со
познатата афера Мис Стон 
И по задушувањето на Крстовденското востанието Јане Сандански како
престседател на Серскиот револуционерен округ ја предводи левицата на македонското
револуционерно движење и Реформската струја и жестоко се пресметува со врховистите.
Сандански ја застапува идејата дека: „македонскиот народ е самостоен народ кој има

право на самостоен живот“ и затоа “треба да се борат за издвојување на својата слобода
без да се надеваат на туѓа помош, зошто оние кои ќе дојдат да ги ослободат, всушност ќе
дојдат да не заробат“. Затоа, идејата да се ликвидира Сандански била неизбежна 

slave-katin


Пишува: СЛАВЕ КАТИН



Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21) - By Slave Nikolovski - Katin

ONE HUNDRED AND TWENTY YEARS SINCE MACEDONIA'S PARTITION (21)      PART OF THE BOOK   “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ KATIN In the history it is noted that the Macedonian people from the Aegean part of Macedonia, together with all its ethnic brethren from Macedonia in 1903 rose to a rebellion to fight for their freedom and an independent Macedonian state. Only ten years later Macedonia was brutally attacked, occupied and divided from its neighbors Greece, Serbia and Bulgaria, and later from Albania; division confirmed by the European great powers, of August 10, 1913, with the Treaty of Bucharest. It is known that the Macedonians existed in 1912 and in 1913. In fact, the whole world knew that the Macedonians existed even before, since read about them in history books and other information media. The whole world read about the Ilinden Uprising of 1903 and how the Macedonian people are trying to get rid of the yoke. Today we have hundreds of newspaper clip...