Skip to main content

СИЛАТА Е ВО ОБЕДИНУВАЊЕТО

Ако не се прекине кога е најтешко, единството ќе биде најсилно. Колку и како луѓето се единствени зависи од многу фактори но многу често и од свеста за тоа дали треба тие фактори да ги разделат. И некогаш како да им е помило да се разделат и покрај многуте сличности и придобивки кои би ги имале обединети.

Сите ние сме суетни мали нешта, верувајќи дека сме попосебни од кој било друг. Си велиме, никој не мисли и не постапува како јас. И понекогаш се насмевнуваме себеси, уживајќи во помислата дека никој друг не може да биде како нас. Мислиме дека сме толку многу посебни.

Но, тогаш, во животот повторно ни се случува да веруваме во тоа. Понекогаш имаме идеи или искуства за кои мислиме дека никој досега не ги имал. Но, ако човек истражи, во текот на времето ќе увиди дека  многумина ја имале таа идеја пред нас и всушност ја искористиле и создале нешто убаво. Би се чувствувале демотивирани, прашувајќи се која е поентата во обидот да се направи нешто кога некои веќе го направиле тоа? Но тоа е важно за личниот развој и нови искуства.

Дали сме навистина толку различни еден од друг?

Ова ни кажува дека и покрај нашата уникатност меѓу 7,8 милијарди  луѓе во светот, ист број луѓе сè уште можат да бидат обединети со бескрајно многу заеднички нешта, од секојдневните работи до комплицираното човечко битие. И покрај се луѓето од цел свет користат заеднички морален кодекс, дали сме поголеми или помали, луѓето се како џиновски парчиња од една сложувалка . на која за да биде целосна сите парчиња имаат иста важност.

Со подавање рака на соработка луѓето заедно можат да постигнат многу повеќе отклолку сами. Каде има разлики треба да има толеранција а не градење на ѕидови.

Без разлика во каква ситуација сме, некој веќе бил во иста и триумфирал. Најдоброто е кога човек ќе се спореди себе со себеси. Дури тогаш ќе настојува постојано да се усовршува наместо да се споредува со други. Животот не е натпревар, победите и загубите не значат дека сме подобри или полоши од другите. Обединувањето на луѓето е многу подобро отколку разединувањето,  бидејќи дава чувство на припадност, доверба и соработка. Наместо поделби на секоја основа потребно е обединување кое ќе донесе големи промени и стабилност на секое поле а со тоа одбрана на македонските национални интереси – тоа е право и должност на секој Македонец каде и да е. А матичната земја да си го врати достоинството со враќање на името Македонија и зацврстување на односите со дијаспората. Се чини како да се оставени сами на себе, без помош од својата прва мајка, да наоѓаат начини да го истакнуваат своето потекло, да лобираат и помагаат на своите најблиски.

Историјата на македонскиот народ или воопшто историја на човековото живеење и присуство на територијата на Македонија, датира со пронаоѓањето на најстариот човечки скелет на територијата на Македонија стар 160 илјади години. Историјата на Македонија е поголема и од нејзината територија. Македонија не е едиснтвена земја од која се иселуваат луѓе но дали се прават напори и програма за враќање на иселениците во матичните земји? Во светот има 215 милиони иселеници од различни земји. Во многу земји, приливот на пари од иселениците е значително поголем од официјалната помош која ја добиваат овие земји. Најмногу пари одат во Индија и Кина (повеќе од 43,9 милијарди евра во секоја земја), потоа Филипини и Мексико (повеќе од 17,3 милијарди евра во секоја земја) и Нигерија (15 милијарди евра).

 

Податоците на Светската банка покажуваат дека индиските иселеници, на пример, во Британија, во својата татковина пратиле 2,9 милијарди евра во 2011 година. Истата година, британската влада за Светскиот фонд за помош на истите, издвоила само 324 милиони евра.

Но финансиската помош не е единственото нешто кое ги поврзува иселениците со своите матични земја, тука се културата, историјата, традицијата,  јазиците, потеклото на имињата. А во спротивно, каква е поддршката од матичната земја?  Испари во воздухот, нема никакви координативни тела или совети кои ќе се погрижат да се воспостави соработка и помогнат иселеничките организации во напорите на промоција и заштита на македонските национални интереси.

И да се повикаме пак на еден извор од историјата, да ни служи за пример за она низ што поминувале нашите претци – напатениот – издржлив македонски народ:

„… Македонците, тој издржлив народ, беа најгласни во протестите против потчинувањето кон [Хитлерова] Германија.

Повеќе од 100 години, тие [Македонците] ги издржаа напорите на Турците, Грците, Бугарите и Југословените, да ги претопат. Тие се ултрапатриоти, македонски патриоти и меѓу најголемите борци во Европа. Иако окупирани и поделени, тие остануваат Македонци, иако Македонија веќе ја нема. Тие се потсетуваат на последната војна и ги мразат Германците. Тие ја мразат и Италија. Ги мразат и властите во Белград. Едно време се заколнаа на верност кон Бугарија, којашто им ветуваше автономија, но сега ги мразат и бугарските владетели. …

Додека неправдите од обединувањето (и поделбата) сѐ уште котираат меѓу Македонците сега тие гледаат можност за прецртување на границите што ќе ги обедини двата во четири милиони од нив во нова Македонија, независна од сите земји – Југославија, Бугарија, Грција.

(Извадокот е од весникот Ваикато индепенденд , 1941.04.23, Нов Зеланд,  под наслов Горчини на Балканот.

Македонците иселени во светот исто треба да бидат обединети, да соработуваат, поддржуваат а не само секој за себе поединечно да се смета дека направил доволно само со фактот дека се формирале. Низ историјата ништо не останало незабележано па посебно не за Македонија но не треба да се остане само на тоа, да биде забележано во странскиот печат.

Минатото треба да служи како инспирација, поттик, патоказ како и каде понатаму без грешки.

Гордана Димовска


 




Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.