Skip to main content

ОБЈАВЕН „ИСТОРИСКИ ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА“ НАМЕНЕТ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА


 

          Неодамна во издание на  Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, во соработка со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип во електронски (PDF) формат e oбјавена брошурата под наслов: „ИСТОРИСКИ ПРИРАЧНИК ПРОТИВ ГОЛЕМОГРЧКАТА ПРОПАГАНДА“ и поднаслов „ПРИРАЧНИК ЗА УСПЕШНО ОПОНИРАЊЕ ПРОТИВ ГРЧКАТА ДЕНАЦИОНАЛИЗАТОРСКА ПРОПАГАНДА ШТО ДО ДЕНЕС  СЕ ВОДИ СРЕДЕ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА ЗА НИВНО ГРЦИЗИРАЊЕ“.

          Автор на овој прирачник е познатиот македонски историчар и борец за правата на Македонците  м-р Александар Донски, а брошурата во електронски формат, освен на македонски, е објавена и на англиски јазик. Во догледно време се очекува да биде објавена и на грчки јазик. Брошурата веќе е ставена на бесплатно користење и споделување среде Македонците во егејскиот дел на Македонија, но и среде домашните и странски субјекти.

          Во брошурата на едноставен, аргументиран и убедлив начин е даден бескомпромисен одговор на фундаменталните  големогрчки артикулации од областа на историјата. Така, на пример, во брошурата ќе прочитате дека:

          - Постојат сведоштва од близу педесет старогрчки и други антички автори кои јасно тврделе дека Македонците биле посебен народ во однос на Хелените (кои од страна на Римјаните, со доза на потценување, биле именувани како „Грци“, кое име до денес останало)  и дека зборувале на посебен македонски јазик, кој бил неразбирлив за Хелените. Латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф дури запишал и дека Македонците и Хелените (Грците) во тоа време меѓусебно комуницирале преку преведувачи.

    - Таканаречените „грчки богови“ воопшто не биле грчки! Уште Херодот во 5 век пред Христа  запишал дека Хелените ги презеле имињата на тие богови од древниот балкански народ Пелазги, за кој тврди дека зборувале на неразбирлив јазик во однос на Хелените. Докажано е и дека над 80% од авторите на делата од т.н. „Грчка митологија“ воопшто не биле „Грци“, а истото важи и за најголем дел од ликовите од оваа митологија. Од своја страна Македонците славеле и свои посебни богови кои ги немало кај околните народи. Сето ова во детали е обработено во брошурата.

    - Старогрчките автори вештачки ги хеленизирале (грцизирале) личните имиња на луѓе од сите народи со кои доаѓале во допир, додавајќи им го во своите записи суфиксот „ос“ за да изгледаат како „грчки“. Ќе прочитате список од стотици лични имиња (но и топоними и други зборови) на Тракијци, Илири, Етиопјани, Асирци, Персијан­ци, Егип­јани, Либијци, Индијци, Итали и други народи, кои во грчките антички извори останале запишани со завршетокот „с” („ос” или „ис”). Па зарем тоа значи дека сите тие народи биле „Грци“? Така треба да се гледа и на личните имиња на Македонците кои во античките извори биле запишани со суфиксот „ос“, кој вештачки им бил додаден. Најголем доказ за ова е името на нашиот најголем цар Александар Велики Македонски. Во старогрчките записи (пишувани со векови по неговата смрт) неговото име е запишано како „Александрос“, но во Вавилонските астрономски записи пишувани со клинесто писмо во 4 век пред Христа, т.е. во времето во кое Александар живеел, неговото име сосема јасно е запишано како – Александар!   Освен тоа, не сите имиња кои ги носеле античките Македонци биле запишани од старогрчките автори. Некои од овие имиња се откриени и на гробни и други натписи што значи дека нив ги запишувале самите Македонци. Добар дел од овие автентични македонски лични имиња воопшто не завршуваат на грчкиот суфикс „с“, па дури некои повеќе асоцираат на имиња изведени од јазик близок до современиот македонски јазик. Некои од ваквите лични имиња се: Дада, Дуле, Заика, Заимина, Ластен, Лика, Мама, Мамина, Мило, Мома, Момо, Нана, Сита, Скрита, Тато, Тате, Татаја, Филина и други. И ова во детали е образложено во брошурата.

           - Во македонскиот фолклор постојат голем број песни, приказни, легенди и преда­нија со античко-македонска содржина регистрирани уште во 16, 18, 19 и 20 век.  Посто­јат и одредени фолк­лорни еле­мен­ти (посеб­но во при­казните), кои влечат ко­ре­ни од времето на античка Маке­донија, а постојат и голем број обичаи, обреди и народни верувања кои останале уште од античките Македонци среде Маке­донците во 19 и 20 век. Сето ова детално е елаборирано во брошурата заедно со докази поткрепени со ДНК анализи за врските помеѓу денешните и античките Македонци.

          Авторот Александар Донски е сигурен дека со оваа брошура значително ќе им се помогне на Македонците во егејскиот дел на Македонија успешно да се спротивстават на грчката денационализаторска политика: „Ако ние сами не си ја експонираме сопствената историја пред светот и ако не се бориме за правата на нашите сонародници, никој тоа нема да го направи наместо нас“.

  Брошурата е објавена со помош на Трајче Т. ТРАЈКОСКИ од Перт, кој е познат македонски национален деец и водител на најслушаното македонско радио во Западна Австралија „Мак ФМ Радио“ од Перт, Гордана ДИМОВСКА од Мелбурн, која е позната македонска поетеса, новинар и наставник по македонски јазик во Австралија и  MACEDON PUBLISHERS AND TRANSLATORS – SYDNEY.

Брошурите се поставени за слободно симнување на веб-страна на Pollitecon Publications - најголемата платформа со книги со историска содржина посветени на Македонија во сопственост на Виктор Бивел од Сиднеј.

Македонската верзија можете да ја симнете од:

https://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/Istoriski-Pripachnik-Protiv-GolemoGrchkata-Anti-Makedonska-Propaganda.pdf

Англиската верзија можете да ја симнете од:

https://www.pollitecon.com/Assets/Ebooks/Historical-Manual-Against-The-Greek-Anti-Macedonian-Propaganda.pdf

        



Macedonian Timeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.