Ноќта на 4 февруари 1872,
Во малата
куќичка во Кукуш, плач се слушна.
На Никола и
Султана
Машко чедо
им се роди.
Мајката
силно го гушна, од радост почна
Солзи да
рони.
"Чедо
мое, сакано мило, те држам во прегратка
Те бакнувам
и се молам
Среќни и
горди да не правиш"
Срца им
исполни тој негов плач, поглед од црни питоми очи.
За нив беше
како сонцето
Кога ќе
светне и пробие црниот мрак во неспани ноќи.
Израсна во
борец,
Тргна по
ридови стрмни
Со берданка
пушка на рамо.
"Одиме
браќа, да ја ослободиме татковината.
Македонија веќе долго заробена плаче".
Желба и
љубов гореше во него,
Кон таа
земја, за него икона света.
Тргна во
борба, решителен и силен.
Развеа
црвено знаме, "Слобода или смрт" пишуваше на него!
Илинденски
пламен блесна,
Гоце го
поведе народот во борба.
Да ја види
слободна му беше желба.
Народот
тргна и се бореше смело,
Против
многуброен силен аскер
Живот не
жалеа, родната земја ја бранеа.
4 мај, 1903
го погоди куршум врел,
Се затресе
земјата цела, се расплака старо и младо.
Падна
јунакот смел.
Земјата во
црно се зави.
Не дочека
слободна да ја види.
А Гоцевото име ќе живее вечно,
Неговото име
синоним за борба,
Симбол на
решителност
Симбол на
храброст,
Сонце кое
потајно излегува и расфрла зраци
над нашата
Македонија која се уште плаче
И жали за
јунаци како Гоце.
И требаат
нови борби
Нови јунаци
смели.
Во Македонија
мора нешто да се смени.
Стариот дедо на
клупата седи,
Дробни солзи
почна да реди,
“Каде си Гоце
Македонија да ја видиш,
Твојата
Македонија повторно страда.
Автор: Гордана Димовска


Comments
Post a Comment