Thursday, July 8, 2021

НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА


СООПШТЕНИЕ
Македонското писателско друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го организира својот традиционален награден конкурс за  поезија и проза за возрасни и деца:

* РАСКАЗ НА ГОДИНАТА ЗА ВОЗРАСНИ

* ПОЕТСКА ТВОРБА НА ГОДИНАТА ЗА ВОЗРАСНИ

* РАСКАЗ НА ГОДИНАТА ЗА ДЕЦА

* ПОЕТСКА ТВОРБА НА ГОДИНАТА ЗА ДЕЦА

 Услови:

* Темата е слободна. Пожелно е расказите да не содржат повеќе од 800 зборови.

* Претходно објавени или издадени дела нема да се разгледуваат.

* Делата да се испраќаат под шифра и во три примероци, а авторството да се докаже со четвртиот примерок.

* За секој жанр да не се испраќаат повеќе од десет дела.

 Ќе се доделат по три награди за секој жанр, во зависност од квалитетот на доставените дела.

Конкурсот трае до 30 ноември 2021 година.

 Делата да се испраќаат до адресата на Друштвото:

P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216, со ознака „За Прличева награда“или на емаил dushan@macedon.com

Од Извршниот совет на

Литературното друштво „Григор Прличев“

Macedonian timeline Australia

No comments:

Post a Comment

ЗАБЕГАНИОТ ДЕДО НОЕ

Расказ од Нове Младеновски Расказот ја доби третата награда на литературниот конкурс организиран од МЛД "Ванчо Николески" 2023...