Skip to main content

Posts

ПРОМОВИРАНА КНИГАТА “ВЕЧНА СВЕТЛИНА НАД МАКЕДОНИЈА“ ВО ОХРИД

Литературниот клуб Љубители на литература, култура и наука -Св. Висарион од Демирхисар пред читателите се претстави со своето ново објавено дело од авторката Гордана Димовска,  Таа е наш долгогодишен соработник од Мелбурн, далечната Австралија. Авторката потекнува од битолското село Оптичари а од 1993 година живее и твори во Мелбурн, Австралија. Денеска во 12 часот во Градската библиотека Григор Прличев, Охрид, се одржа промоцијата на книгата ‘Вечна светлина над Македонија‘  од Гордана Димовска.   Оваа книга е осврт на погледите и визиите за родната земја.     Книгата е збир на дел од нејзините есеи, колумни, лирски исповеди, научни трудови, пораки. Сите тие зборуваат за многу важни моменти од македонската историја, поучуваат, информираат.Честа на промоцијата на книгата им припадна на рецензентите Професорот Вангелко Лозаноски и Љубица Чифлигароска. Делови од книгата читаа и нашите соработници учениците Магдалена Стефаноска и Јана Иваноска од литературн...

ЈАВЕН ПОВИК

14.05.2014 година Агенцијата за иселеништво на Република Македонија во соработка со пратениците од дијаспората во рамки на проектот ,,Македонија памти" објавува: ЈАВЕН ПОВИК Се повикуваат иселеничките организации и иселениците од Македонија да достават иницијативи за доделување на одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување. Иницијативите (пополнети апликации) да се достават до Агенцијата за иселеништво на адреса ул. Македонија бр. 19 или на Интернет адресата info@minisel.gov.mk , заклучно до 14 јуни 2014 година. Агенцијата за иселеништво на Република Македонија истите ќе ги проследи до Комисијата за одликување на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов. Образецот за пополнување на апликациите е достапен на Интернет страната http://www.emigration.gov.mk Напомена, Иселениците и иселе...

Петта годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

08.05.2014 година До сите македонски иселенички организации и асоцијации Предмет: Покана за учество на Петтата годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија Почитувани, Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Петтата годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 23 и 24 јули 2014 година во Скопје во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Исто како и минатата година и оваа година очекуваме Конференцијата да биде отворена од страна на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски. Дневен ред на Конференцијата: 1. Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни о...

ПОЧИНА ПРОФ. Д-р НАУМЕ РАДИЧЕСКИ

In memoriam Веста за смртта на проф. д-р Науме Радически пристигна и до нас во Австралија.  Разбравме за прераната кобна смрт  на нашиот драг пријател, соработник со Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј и негов почесен член. Соработката со Науме започнува од оржувањето на поетската манифестација „Млада Струга – 1979“ и траеше се до издишувањето на неговиот благороден македонски дах. Секогаш беше спремен без никаква наплата да им помогне на поетите – печалбари, да им направи јазични корекции, да им напише рецензии, да ги посоветува... Без да се пожали на болките кои му ровареа низ неговото тело, не ја откажа промоцијата на книгата „Угрејсонце во мојот сон“, туку со последни сили  се качи на говорницата и пред неколкуте стотин a посетители кои учествуваа на 4-та Годишна конференција од Агенција за иселеништво на РМ во хотелот „Александар палас “ најучтиво истата ја промовира.   Роден е на 18 мај 1953 година во село Дабово (Мешеишта) кај О...

АNZAC DAY ЗНАЧАЕН ЗА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ

  Aнзак (Anzac Day) е многу значаен ден за Австралија и Нов Зеланд на кој се одбележува годишнина од првата голема воена акција на Австралија и Нов Зеланд во Првата Светска војна. Ден на кој се оддава почит кон сите учесници и жртви во војната на Галиполи. Во 1915 година, австралиски и новозеландски војници како дел од сојузничката експедиција, тргнаа за Галиполи со цел да го остварат замислениот план на Винстон Черчил. Тие требало да отворат пат до Црното Море за сојузничките морнарици и да го преземат Константинопол , главниот град на Отоманската империја , кој беше сојузник на Германија за време на војната.  ANZAC слета на Галиполи на 25 април но наиде на жесток отпор од Отоманската армија под команда на Мустафа Кемал (подоцна познат како Ататурк ). Замислениот брз храбар напад врз отоманската војска, се претвори во жестока 8 месечна борба.

НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА

“Grigor Prlichev” of Australia Inc. Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“ P.O. Box 227 Rockdale NSW 2216 ABN: 64751353521                     INC: 9885424 СООПШТЕНИЕ НАГРАДЕН КОНКУРС ЗА ПРЛИЧЕВА НАГРАДА Македонското писателско друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј го организира својот традиционален награден конкурс за  поезија и проза за возрасни и деца: * РАСКАЗ НА ГОДИНАТА ЗА ВОЗРАСНИ * ПОЕТСКА ТВОРБА НА ГОДИНАТА ЗА ВОЗРАСНИ * РАСКАЗ НА ГОДИНАТА ЗА ДЕЦА * ПОЕТСКА ТВОРБА НА ГОДИНАТА ЗА ДЕЦА Услови: * Темата е слободна. Пожелно е расказите да не содржат повеќе од 800 зборови. * Претходно објавени или издадени дела нема да се разгледуваат. * Делата да се испраќаат под шифра и во три примероци, а авторството да се докаже со четвртиот примерок. * За секој жанр да не се испраќаат повеќе од десет дела. Ќе се доделат по три награди за секој жанр, во зависност од квалитетот на до...

ВЕЛИГДЕН

Искрена и мила од небото блесна Светлина ги покри и мали и стари Богати и бедни, немошни и гладни за љубов и мир страдни Во  градови и села, во земјата цела Ѕвездата сјајна и мила Силно блесна и почна да дарува Радост, надеж и сила. Незнаен патник навратил и слуша Стариот дедо раскажува на внуци Приказни стари за празникот голем За  херојства и мечти на народот страден -           Чија е оваа земја дедо? Оваа земја е исконска и света Земја на великани, просветители, херои Земја во која се пее и игра македонско оро Да кажува и везе за историја славна За печалбари наши заминати во светот. Спасителот Исус меѓу нас дојде , Да ни покаже как о да живее ме , Како да мислиме и сака ме и  други освен себе. Господ Бог го прати со мисија јасна , Да ги земе нашите гревови врз себе ; Повикувајќи ангели од небо Тој секого сака и  може да спаси Се мачеше за нас но  крстот не го у...