Friday, April 25, 2014

АNZAC DAY ЗНАЧАЕН ЗА НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ


 Aнзак (Anzac Day) е многу значаен ден за Австралија и Нов Зеланд на кој се одбележува годишнина од првата голема воена акција на Австралија и Нов Зеланд во Првата Светска војна.
Ден на кој се оддава почит кон сите учесници и жртви во војната на Галиполи.
Во 1915 година, австралиски и новозеландски војници како дел од сојузничката експедиција, тргнаа за Галиполи со цел да го остварат замислениот план на Винстон Черчил. Тие требало да отворат пат до Црното Море за сојузничките морнарици и да го преземат Константинопол , главниот град на Отоманската империја , кој беше сојузник на Германија за време на војната.  ANZAC слета на Галиполи на 25 април но наиде на жесток отпор од Отоманската армија под команда на Мустафа Кемал (подоцна познат како Ататурк ). Замислениот брз храбар напад врз отоманската војска, се претвори во жестока 8 месечна борба.
 На крајот на 1915 година, сојузничките сили беа евакуирани откако двете страни претрпеле големи загуби и соочени со големи тешкотии. Билансот беше -  21.255 жртви од Велика Британија, 10.000 мртви војници од Франција, 8709 од Австралија, 2721 од Нов Зеланд, и 1358 од британска Индија . Веста за истоварувањето на австралиско новозеландската војска на  Галиполи имаше голем импакт врз Австралија и Нов Зеланд па затоа  25 Април брзо стана ден на кој тие се сеќаваат на жртвите кои загинаа во војната на Галиполи.
И оваа година во Мелбурн, Викторија се одбележа на достоен начин со комеморација во раните утрински часови во Shrine of Remembrance и марш на стотини ветерани по St. Kilda Road. 

History: Anzac Day is an important national day of remembrance to serve as a reminder of the men and women who fought bravely to make the country what it is today, their courage, bravery and sacrifice should never be forgotten.
In 1915, Australian and New Zealand soldiers formed part of an Аllied expedition that set out to capture the Gallipoli Peninsula, according to a plan by winston Churchill  to open the way to the Black See for the Allied navies. The objective was to capture Constantinopole , the capital of the Ottoman Empire, which was an ally of Germany during the war. The ANZAC force landed at Gallipoli on 25 April, meeting fierce resistance from the Ottoman Army commanded by Mustafa Kemal (later known as Atatürk). What had been planned as a bold strike to knock the Ottomans out of the war quickly became a stalemate, and the campaign dragged on for eight months. At the end of 1915, the Allied forces were evacuated after both sides had suffered heavy casualties and endured great hardships. The Allied casualties included 21,255 from the United Kingdom, an estimated 10,000 dead soldiers from France, 8,709 from Australia, 2,721 from New Zealand, and 1,358 from British India. News of the landing at Gallipoli made a profound impact on Australians and New Zealanders at home and 25 April quickly became the day on which they remembered the sacrifice of those who had died in the war.

Macedonian Timeline 

 Gordana Dimovska












No comments:

Post a Comment