ЧЕСТВУВАЊЕ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО АВСТРАЛИЈА Македонското литературно друштво ‘ Кочо Рацин’ од Мелбурн организира Саем на книгата под мотото “ Со љубов кон македонскиот јазик“. Беа изложени македонски книги, романи, историја, поезија и детска литература. На Саемот присуствуваа градоначалникот на Општината Витлси, Стеван Козмевски, Мери Лалиос од Општината Витлси, Ацо Талевски, истакнат активист во Македонската заедница, Маргарита Василева, Игор Павловски. Програмата започна со рецитирање на поемата Денови на англиски со Гордана Димовска и на Македонски со Крсте Наумовски Мечкар. Специјално за овој Саем од Камбера допатува и Доне Димов кој раскажа за егзодусот, како дете бегалец во Граѓанската војна во Грција. Следуваше рецитирање на детски песни со Шана Јовановска која ги воодушеви присутните со совршеното читање на поеми на македонски јазик, а потоа писателите и поети Кочо Крушорати, Нове Младеновски, Виолета Јовановска, Крсте Наумовски Мечкар, Љубица Попов...