Skip to main content

Posts

THE SPIRIT OF CHRISTMAS

In the glare of the sun rays New Holiday is born again. A tireless traveler walks in boldly arrived  in an unknown country for him he welcomes passersby with a  secret smile, He hurried to the hill and cherry woods. Travels through the cities and villages Marveled the whole of Macedonia. Like a beautiful necklaces, endless memories queuing up

ЗНАЧАЈНОСТА НА “ЕГЕЈСКА СОЛЗА“

Неодамна излезе од печат романот на Ванѓелко Лозаноски, “Егејска солза“ кој е промовиран во повеќе градови во Македонија а кои со голем интерес се следат како во земјата така и во дијаспората. Не постојат доволно зборови да се истакне значајната улога на Лозаноски во создавањето на историско-научни трудови, поезија, романи, организирање поетски средби, промовирање на се што е значајно за историјата и литературата. И ова дело е дел од неговото неуморна душа, жедна да ја разотвора болната вистина за децата бегалци и да укаже на значењето и примарната улога на Беломорска Македонија во нашата историја. Тоа го прави о творено и од душата , со оганот на вистината и зрелата мисла. 

ДЕНОВИ НА СВЕТЛОЗРАЧНОТО ДЕЛО НА КРСТЕ МИСИРКОВ

Љ убители на литература, култура и наука „Свети Висарион“ и ОСУ „Крсте П . Мисирков “ Во пресрет на Манифестацијата „Денови на светлозрачното дело на Крсте Мисирков, за родната Македонија “, која се одржува на 23 декември во 11.30 часот во СОУ Крсте Мисирков.Демир Хисар Во СУ „Крсте Мисирков“-Демир Хисар 23 декември 11 часот-2016 Прием на учесниците Реферати Денови од историските македонски светлини посветена на Крсте Мисирков. и Даме Груев Крсте Мисирков автор на научната книгата„За македонцките работи“,  Даме груев водач на илинденското востание а 2.доделување на признанија , дипломи и награди 3.поетски блесоци-настап на поети 4. консултација и предлози за идната манифестација

МАКЕДОНСКА

Автор : Жаклина Михајлова Војници имаме од опачината на тревата,  војници се бараат од лицето нејзино, сега.  Војници простум, цврсто да стојат и мислењето без мислење да си го бројат. Војници на јаве исправени, со мукает во душата сончевина облеани, кристално бистри и стројни, војници чесни, чедољубиви, татковински, филјани, војници генетски предодредени, војници свои на своето, на огништето, заљубени во сопственото, во наследеното! 

ПРОМОЦИИ НА РОМАНОТ ЕГЕЈСКА СОЛЗА

Успешни промоции на романот Егејска солза од Ванѓелко Лозаноски Љубители на литература, култура и наука „Свети Висарион“ и Сојузот на Македонците од Егејот – Македон во Скопје во Музејот на револуцијата-ВМРО ја организираа промоцијата на романот „Егејска солза“ (со љубов низ огновите и низ виорите ) на 25.11.2016. Низ огнената силна љубовна приказна на Ангелос и Ана се разоткриваат реките на солзи од прогонетите Македонци од своите родни огништа. Од љубовна одисеја до потресни сцени корнење на Македонците од родните огништа. Светот кога требаше да ја казни Грција ја засили со воена авијација, да ги бомбадира македонските села и градови.„јас мисслам тоа не е солза туку и солзи кои и Егеј би го преплавиле-подвлече Билјана на првата промоција во Битола Промотори Марија Ѓеоргиевска, Виолета Секоска и Александар Ѓорѓиев, Тачко Јованов, зборуваше за издавачот на книгата Сојузот на Македонците од Егејот –МАКЕДОН, Печатењето на книгата е финансиски потпомогнато од Министерство...

БЕЗ ИЗГОВОРИ

Често пати наоѓаме изговори за тоа дека сме премлади и стари да сториме некои работи.Не е важно колку години имате сега. Вие никогаш не сте премногу млади или премногу стари за да успеете во она што го сакате. Еве краток список на луѓе кои се постигнале големи работи во различни возрасти.  1) Хелен Келер, на возраст од 19 месеци, стана глува и слепа. Но, тоа не ја запре за да стане првата глува и слепа која се здоби со диплома за уметност.  2) Моцарт веќе почна да свири на виолина и да компонира уште од петтата година. 3) Ширли Темпл беше 6 години кога  стана филмска ѕвезда со филмот  "Светли очи." 4) Ана Франк беше 12 кога го напиша Дневникот на Ана Франк. 5) Магнус Карлсен стана велемајстор во шах на возраст од 13 години.

ТАЈНАТА НА ЦВЕКЛОТО

Едно истражување докажува дека јадењето на цвекло придонесува за побрзо трчање и одење на човекот. Овој црвен зеленчук исто така спомага за старите луѓе да можат подобро и побрзо да се искачуваат на скали или да го стигнат автобусот. Тајната на цвеклото лежи во содржувањето на нитратите кои ја зголемуваат енергијата во мускулите. Студијата е спроведена на две групи на луѓе, на едните им бил даден сок од цвекло а на другите сокот од цвекло не содржел нитрати. Спрема тоа, тие се покажало дека првата група трчала многу побрзо од другата. Macedonian timeline