Skip to main content

НЕВЕРОЈАТНИ ЗАПИСИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Македонија е опишана од страна на голем број светски патописци, новинари како земја во која постојано нешто се случува. Се чини дека од секој континент во светот постојат записи за некој период од македонската историја но највпечатливи се записите за случувањата во Македонија за време на илинденското востание. Во периодот 1903-1904 година, по Илинденското востание, условите во Македонија биле значително лоши. Над Македонија како да надвиснале црни облаци, земја со вечни метежи, безредија од непрестајни битки и крвопролевања. Соседните земји, Србија, Бугарија и Грција како птици грабливки.Постојано вршеле пропаганди врз македонското население. Најчесто тоа го правеле преку нивните прпагандни инструменти, црквата, училиштата. На тој начин, видливи биле нивните претензии кон Македонија. Македонското население во тоа време живеело многу разединето, измешано со други народи, племиња, верници па така и големи тешкотии да се сплотат во една цврста заедница, и да се поддржуваат во борбата за самостојност.Македонското население живеело како под саач, изолирано од надворешниот свет. Единствен надворешен свет биле посетите на некои научници, патешественици од Западна Европа, Русија. Враќајќи се во нивните татковини, тие отворено во печатот пишувале за животот на македонското население. Интересни се нивните записи кои остануваат како трајно сведоштво за вистинските случувања во Македонија низ минатото. Посебно заслужува внимане начинот на кој ги гледале и интерпретирале настаните и животот во Македонија во 1903-1904 година. Рускиот публицист Рејнхелит Николај Николаевич – ‘Македонија не е голема, но претставува етнографско шаренило на едно место! Не можете да направите разграничување ниту по националности, ниту по аспирации, ниту по богатство, ниту по сиромаштија. Сето ова е во едно купче, во пределите на еден ист санџак, на една иста каза. Тука мирното население, тука се заговорниците, тука се ограбените и ограбувачите. Да имаше ред, - заклучува тој- колку би цветала земјата‘ ??? Навистина вредна забелешка, и ден денес ако некој странски патешественик случајно помине низ Македонија, не е чудо истото да го забележи. Историјата како да ни се повторува. Англискиот публицист хенри Ноел Брејлсфорд пак се прашувал и бил исправен пред дилемата дали Македонците се Срби или Бугари? Според него – ‘Тие не можат да бидат Срби бидејќи нивната крв одвај е чисто словенска, а исто така тешко и дека се Бугари бидејќи при своите освојувања Србите оставиле многу српска крв во нивните вени. Тие веројатно се она што биле пред постоењето на бугарската и српската империја – словенски народ кој потекнува од различни стебла. Ако се потпреме на српските и на бугарските јазични особености, ќе забележиме дека македонскиот дијалект не е ниту едниот ниту другиот. Македонскиот народ, заклучува Брејслфорд, ‘би бил среќен ако беа постојаните закани на насилство и измами‘ Познати светски историчари запишале:Античките Македонци секогаш се нарекувале Македонци, што всушност и биле. Хелените се перчат пред Македонците како полубогови сред диви ѕверови. Македонијо, татковино моја, ти се роди цар кој ќе ги надмине сите други пред него, со кои ти од памтивек си се гордеела! Гордеј се Филипе, радувај се Македонијо, зашто ти си татко на Александар, а ти се викаш негова татковина. А запис за периодот веднаш по илинденското востание оставил англискиот публицист Хенри Ноел Брејлсфорд (1873 -1958). Тој бил поддржувач на националноослободителното движење во Ирска, во Индија и во Египет, а особено на Балканот. За време на првата светска војна, бил на чело на пацифистичката Лига на демократскта контрола. Во Македонија доаѓа веднаш по Илинденското востание, како член на Хуманитарната помош за Македонија. Тој покажал големи симпатии кон македонскиот народ. Низ Македонија патувал пет месеци и благодарение на неговиот статус на хуманитарец, имал можност да се движи насекаде, придружуван од својата сопруга. ‘На крајот, иако нашата работа беше чисто добротворна, иако ја избегнувавме политиката и настојувавме да им помогнеме на луѓето од сите народности и вери подеднакво, не можевме да ги одбегнеме сомневањата и непријателствата што растеа во атмосфера на нечесност и интриги.За да се избегне политиката на земјата, таа треба прво да се проучи.

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.