Saturday, March 24, 2012

LET'S LEARN MACEDONIAN

Macedonian language has been taught at VSL centres since 1977. it is a great privilege for Macedonian Community in Australia to be able to pass on the language to younger generations born in Australia. Thus it helps them to learn better their first language, contribute to cultural awarness and literacy,contributes to the creation of their own personality, broaden their experiences and views of the world. In order to continue with this program and learn Macedonian language offered at VSL centres, we urge all interested people of macedonian background to enrol their children or pass on this information to whom it may concern. We urgently need new enrolments for this year in Keilor Downs VSL centre. If you are interested please enrol as soon as possible online www.vsl.vic.edu.au
Regards
On behalf of macedonian faculty - Keilor Downs
Coordinator - Gordana Dimovska

Friday, March 23, 2012

ГАТАНКИ - RIDDLES

Најдрагоцените обележја на македонската нација, името и јазикот секогаш треба да се гледаат како нешто во кое секој Македонец треба да инвестира. Тие се нешто најсвето и највредно, нешто за кое нашите претци животот го дале и го зачувале и кога им беше најтешко. Не е доволно само да го поседуваш богаството , уште поважно е да се негува, и зачува за наредните генерации. Без јазик сме никој и ништо и како што вели Крсте П. Мисирков ‘ Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право.Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е! Гатанките се дел од македонското богато народно творештво. Кога нашиот народ немал услови да печати книги на свој јазик, и кога морале да зборуваат на јазик наметнат од окупаторите, поробувачите, ги создале гатанките како еден вид разонода но и натпревар на итрост. Самиот збор гатанка значи гледање во минатото, претскажување на иднината, откривање на нешто непознато. Проверете го вашето знаење и вие со следниве гатанки:

                     Ни зеница има, ни за клепки знае, а око е, видот од глетки сјае.                 телевизор 

 На две стебла витки, танки, израснзале пет гранки.                             раце и прсти                             

 Пуштен Петко, сегде свраќа, но никогаш дома не се враќа.                               Глас

 Ти го гледаш со два жара, тој со сонце што те шара.                                          ден

 На два извора бистри, сјајни, две пијавици, ко две тајни.                                 Веѓи

Wednesday, March 21, 2012

МАКЕДОНИЈА - БИСЕР БАЛКАНСКИ


ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА МАКЕДОНИЈА
Ако сонцето е  најсјајно  на небото, Македонија  со својот раскош и природни убавини е најсветла ѕвезда на земјата. 
Македонија има 40 планини од кои 12 се  повисоки дури и од 2000 метри. Ниту една држава во Европа, нема толкав број на самостојни планински целини и планински масиви во однос на својата површина., 34 градови, 1616 села, 160 езера а најстарото и најдлабокото езеро на Балканот е токму во Македонија. Тоа е Охридското езеро за кое се смета дека е старо околу 4 милиони години.Вистински дар од природата, и како скапоцен бисер на Балканот спаѓа во најинтересните и уникатни природни убавини во светот.
Македонија е богата со разновидни дрвја и животински свет. Проценето е дека  постојат 3 500 видови на растенија, 319 видови на дрвја. Во Македонија има 55 видови на  риби и  330 видови на птици.
Најстаро дрво во Македонија е Чинарот во Охрид,  кое расте од 9 век, во времето на Св Климент Охридски.
Битола е најопеаниот град во светот. За Битола се испеани над 500 песни од голем број наши пејачи. Песната по која е препознатлив овој град е Битола мој роден крај, компонирана во далечната 1950 година од Хајри Демировски.
Исарот
Штипското кале Исарот е средновековна тврдина која според легендата била изградена од Крали Марко. Кога го правел калето, неговата сестра ја правела клисурата крај реката Брегалница. Кога погледнал Марко од Исарот и ја видел сестра си како работи со аргати, викнал и ја прашал ’Што правиш мори сестро? А таа му одговорила – ‘Ќе го цепам брегов, брате, да отворам пат до клисурата, та кој да помине, со рает и без страв да врви, па дури и песна да запее‘.
И вистина, како што рекла сестра му на Крали Марко, така е и ден денеска, кој ќе поминел низ клисурата, ќе запеел.

Saturday, March 17, 2012

НАШАТА MAJKA МАКЕДОНИЈА

АНА ЦАКОВСКА
Австралија



НАШАТА МАЈКА МАКЕДОНИЈА

Музика што развеселува и растреперува,
Најубава традиционална храна,
Градови со убави цркви и манастири,
Изведба на Македонска народна музика,
Посакувани дестинации како Битола, Охрид, Струга, Скопје...
Прошетка по убавиот Широк Сокак, стариот Камен Мост и славната Самоилова Тврдина,
Неверојатно гостопримливи домаќини - Македонци.
Ете, тоа е Нашата Независна Мајка,
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.


Од Ана Цаковска - 13години



 


ЗА ЖИВОТОТ

Во својот живот човекот сретнува многу луѓе.
Но само правите пријатели оставаат трага во неговото срце.

Лутината е тенко поврзана со опасноста.
Ако некој еднаш те изневери, вината е негова;
Ако некој те изневери повеќе пати, вината е твоја.

Бистрите луѓе дискутираат за идеите;
Просечните луѓе дискутираат за она што секојдневно се случува;
Необразованите луѓе дискутираат за други луѓе.

Кој изгубил пари, изгубил многу;
Кој изгубил пријател, изгубил многу повеќе;
А оној кој изгубил вера и надеж, изгубил сè.

Младите и убавите се случајност на природата.

Учи се на грешките на другите луѓе.
Бидејќи не живееш доволно долго за да стигнеш да ги направиш сите.

Вчера е минато.Утрешнината е тајна. Сегашноста е дар.

И да знаете дека љубовта е најсилна погонска снага...

Дека е битно со кој сте, не каде сте...

И дека животот го прават ситниците.


Thursday, March 15, 2012

ТАТКОВИНА

Во времиња тешки и бурни
Под ропства и немири
Ти земјо се издржа и ко феникс се издигна.
Ти овде си, ти постоиш, ти земја си
Ти мајка си, ти песна си над песните
Ти срце разигруваш и душата ја грееш,
Со магична убавина, ко со рака недопрена.

Wednesday, March 14, 2012

МУМБА ПАРАДА ВО МЕЛБУРН

Gordana Dimovska

Во 1856 година Синдикатот на работниците излезе со кампања ‘Осум часа работно време‘ во чиј склоп се одржа и масовен марш во Мелбурн. Благодарение на овој марш, работниците се здобија со повеќе права и се изборија за 8 часовен работен ден. Оттогаш па до денес секој втор понеделник во март, се празнува Денот на трудот во австралиската држава Викторија. На овој ден посебно се потсетуваме на борбата на Синдикатот за здобивање со економски и социјални достигања на работниците.Официјална декларација за означување на овој ден како национален празник е потпишана во 1879 година. Во знак на овој протестен марш и ден денес се одржува спектакуларниот фестивал Мумба. Фестивалот секоја година е посетен од стотици илјади жители на Мелбурн и околината а посебно место зазема парадата која вклучува голем број на етнички групи во Мелбурн. Оваа година Мумба парадата се одржува под мотото Вкусниот Мелбурн каде се презентира мултиетничката култура преку најубавите јадења кои можат да се најдат во овој милионски град. Мелбурнчани гордо ја презентираат енергијата и духот која пулсира во овој мултиетнички град.
Поради промена на локацијата на одржување и слабиот одзив на учесници оваа година, Мумба парадата не ги задоволи очекувањата на илјадниците посетители. И оваа година немаше учество на Македонската заедница а се најавува пријавување на македонски претставници за следната 2013. Со надеж дека Мумба фестивалот ќе го врати поранешниот сјај.




Friday, March 9, 2012

МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА

Македонската жена поседува мудрост, интeлигенција,добродетелства,кои треба да ги користиме сплотени и единствени се со цел да и утре се нарекуваме МАКЕДОНКИ, без придавки и додавки. МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА во минатото опстанала и во многу потешки услови, по цена на својот живот и кога било многу потешко да се биде МАКЕДОНКА таа никогаш не отстапувала, не се предавала, со солзи во очи, со болка и гордост во срце, достоинствено и немо испраќала синови, ќерки во бој. Некоја имала среќа живи назад да и се вратат, а најчесто до гроба во црно завиена била, но сеедно не се предала, не замолкнала и не отстапила, нејзиниот непокор до ден денес е жив во многу од нас. Зар сега, во овој век со огромно количество на интeлигенција треба да попуштаме и потклекнуваме на разни притисоци и да си го промениме името, јазикот, идентитетот??? Зар сега во овој век некој си самоволно зема право да ни го одземи нашето основно човеково право да се нарекуваме како и нашите мајки, баби, прабаби ??? Зар во овој век ќе си го дозволиме тоа и ќе ги премолчиме солзите и болките на нашите сестри, мајки, баби, прабаби по своите чеда млади загинати за МАКЕДОНИЈА ??? Зар во овој век ќе му дозволиме на некој да не гази и понижува??? НЕЕЕЕ!!! Наше право е да бидеме она што биле и нашите претци, поседуваме сила и интилигенција да го одбраниме своето основно човеково право.Кога има право на самоопределба секоја соседна жена има право и МАКЕДОНСКАТА ЖЕНА. Ако има право секоја гркинка, бугарка, во ЕУ да се нарекува со своето име и да го задржи и негува својот идентитет, јазик и во иднина да раѓа грци, бугари, истото право, кое е основно човеково право по сите меѓународни правни акти ни припаѓа и на нас МАКЕДОНКИТЕ. И ние имаме право на самопоределба, имаме право на својот идентитет, имаме право на свој јазик, имаме право и напред во иднина да раѓаме МАКЕДОНЦИ и МАКЕДОНКИ и треба погласно да си ги бараме. Сите жени од било која струка, било каде да живееме. Ни треба сложност, сплотеност, непокор и единство затоа што патот по кој чекориме има и трње , препреки и сопки, но затоа победата е послатка.Со безусловна љубов до својата земја, со молитва на уста, со Бога во срце и својот глас ние можиме и планини да преместиме сплотени и обединити. Бидете достоинствени и горди, чест и привилегијa е да се биде МАКЕДОНКА, тоа е чувство бесценето. МАКЕДОНКАТА е и мајка на нацијата, нација на која и опаѓа наталитетот, не ќе можи сама да одлучува за својата судбина, посебно не МАКЕДОНСКАТА НАЦИЈА. Знаеме колкав прилив имаме од немакедонци, кои неблагодарно се однесуваат и се повеќе бараат, затоа раѓајте, родот наш МАКЕДОНСКИ да продолжи!!!..На денешен ден, кога одбележуваме ден на жената нашата мисла на сите МАКЕДОНКИ низ цел свет нека биде наменета за нашето основно право, право на самоопределба, право да се биде МАКЕДОНКА!!! Бидете здрави, живи и благословени МАКЕДОНКИ сите, било кај и да сте !

Mакедонка Засекогаш