На 23 април се прославуа Светскиот ден на книгата На овој ден во 1616 светот загуби два големи писатели,Мигел Де Сервантес и Вилијам Шекспир. Токму поради тоа 23 април е Ден на книгата. Зошто се значајни книгата и јазикот? Ништо не може повеќе да го збогати интелект от, од читање то книга. Во книгите може да се доживеат нови работи кои обично не можеме да ги доживееме , да се развие имагинација та и да се навлезе во други светови . Книгите можат да ги променат нашите животи но и животите на другите. Од книгата дознаваме за она што се случувало во минатото, за историјата, културата, обичаите и се она што е својствено за другите земји и народи. Книгата е огледало на човековата душа, светлина која сее знаење, тивко, нечујно навлегува во сечиј живот, ги открива и развива неговите скриени мечти, копнежи, чувства. Авторите прво учат да пишуваат а потоа да ги раскажуваат своите приказни од сопствено животно искуство. Тие користат имагинација...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ