Skip to main content

САКАЈ ЈА КНИГАТА, НЕГУВАЈ ГО ЈАЗИКОТ




На 23 април се прославуа Светскиот ден на книгата
На овој ден во 1616 светот загуби два големи писатели,Мигел Де Сервантес и Вилијам Шекспир. Токму поради тоа 23 април е Ден на книгата. 
Зошто се значајни книгата и јазикот?
Ништо  не може повеќе да го збогати  интелектот, од читањето книга. Во книгите може да се доживеат нови работи кои обично не можеме да ги доживееме, да се развие имагинацијата и да се навлезе во други светови. Книгите можат да ги променат нашите животи но и животите на другите. Од книгата дознаваме за она што се случувало во минатото, за историјата, културата, обичаите и се она што е својствено за другите земји и народи.
Книгата е  огледало на човековата душа, светлина која сее знаење, тивко, нечујно навлегува во сечиј живот, ги открива и развива неговите скриени мечти, копнежи, чувства.
Авторите прво учат да пишуваат а потоа да ги раскажуваат своите приказни од сопствено животно искуство. Тие користат имагинација и голема креативност да ги отсликаат настаните, местата, ликовите на најдобар можен начин.  
Книгата е извор на знаење кое авторот го остава за идните генерации. Книгата е како магичен сон кој го држеш во рака, те напојува со светлина, силна инспирација и ти отвора врата кон нови хоризонти. 
Без разлика дали е дигитално, печатено, старо или ново издание – книгата има голема вредност. Не е важно на што е напишана, туку задоволството доаѓа токму од нејзината содржина, од она што го читаме. И животот е како добра книга, колку повеќе одминува, толку повеќе го откриваш и спознаваш.
Книгата е верен другар на човекот, таа останува да трае вечно со времето.  Литературното друштво Браќа Миладиновци ја започнува својата кампања под мотото"Сакајте ја книгата негувајте го јазикот." Целта на оваа кампања која ќе опфаќа низа активности е да се укаже на значајноста на книгата, потребата од зачувување, негување и употреба на македонскиот јазик меѓу Македонците во целиот свет.
По тој повод друштвото организира Саем на книгата на 23 мај, Сабота, во просториите на библиотеката во Thomastown, од 10 наутро - 1 часот попладне.
На овој ден ќе има изложба на книги од македонски автори, осврт кон делото на  македонските просветители и учители Свети Кирил и Методиј и културно – просветните преродбеници , Браќата Миладиновци. После тоа ќе се читаат поеми а исто така ќе има и продажба на книги од членовите на литературното друштво.
The book is a mirror of the human soul, source of knowledge, that quietly getting in everyone's life, discovers and develops its hidden dreams, desires, feelings.
The authors first learn to write and then they tell their stories from their own life experience. They use great imagination and creativity to reflect on events, places, characters in the best possible way.
The book is like a magical dream in your hand, filled with light,inspiration and opens the door to new horizons.
Whether it's digital, print, old or new edition - the book has a great value. No matter what is written on, the pleasure comes from its content, from what we read.
The book is a faithful companion of man, lives forever in time. Macedonian Literary Association  "Miladinov Brothers" began their campaign under the motto - Love Book - Preserve the language. The aim of this campaign will include a range of activities to indicate the significance of the book, the need to preserve, care and use of the Macedonian language between Macedonians worldwide.
On this occasion, the Association organizes Book exhibition on May 23, Saturday, at the library in Thomastown, from 10-1 pm.

This exhibition is organized in honour of the Macedonian educators and teachers of St. Cyril and Methodius and cultural - educational renaissance, Miladinov brothers.





Comments

Popular posts from this blog

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

ТЕАТАРСКИ СПЕКТАКЛ КОЈ ГО ЗАПАЛИ СВЕТИ НИКОЛЕ

Театарската претстава „Хај-Фај сватови“ ги крена сите на нозе – публика во транс и брилијантна глума која ќе се памети! ​Свети Николе беше центар на вистинска уметничка магија и театарски триумф! Во атмосфера преполна со емоции, смеа и громогласни аплаузи, театарската претстава „Хај-Фај сватови“ го доживеа својот врв, оставајќи ја публиката без здив и на нозе. Тоа не беше само обична театарска претстава – тоа беше вистинска културна експлозија која покажа колку силно бие срцето на македонската уметност. ​Уште со првите минути и подигањето на завесата, сценската енергија ја исполни салата до последното место. Претставата „Хај-Фај сватови“, која на маестрален начин ги испреплетува традицијата, модерното време, хуморот и живописните човечки судбини, успеа да допре до срцето на секој еден гледач. Актерски ансамбл кој доминираше на сцената ​Оваа театарска бајка ја носеше феноменална актерска екипа која покажа врвна професионалност, харизма и брилијантен уметнички израз: ​Габи ја...