Светот стана сцена каде луѓето се вреднуваат според статусот, функцијата и социјалниот профил, наместо според нивната човечност. Оваа појава создава лажна поделба на „големи“ и „мали“, а најтажно е што оние најчистите, највредните често стануваат невидливи. Луѓето денес ги користат социјалните мрежи за да создадат илузија дека нивниот живот е единствениот што вреди. „Пишуваат како да се единствени“ слика на модерниот нарцисизам. Се изолираат во сопствениот свет, умислени дека тоа е најдоброто, дека тоа е се. Кога човекот ќе се заслепи од сопственото его, тој веќе не ги гледа потребите на другите. Неговите успеси не служат за инспирација, туку за себепромоција. Исчезнува емпатијата.Кога секој е фокусиран само на својата „продавница на успеси“, човечноста и солидарноста се повлекуваат.
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ