Skip to main content

Posts

Showing posts from November, 2016

ПРОМОЦИИ НА РОМАНОТ ЕГЕЈСКА СОЛЗА

Успешни промоции на романот Егејска солза од Ванѓелко Лозаноски Љубители на литература, култура и наука „Свети Висарион“ и Сојузот на Македонците од Егејот – Македон во Скопје во Музејот на револуцијата-ВМРО ја организираа промоцијата на романот „Егејска солза“ (со љубов низ огновите и низ виорите ) на 25.11.2016. Низ огнената силна љубовна приказна на Ангелос и Ана се разоткриваат реките на солзи од прогонетите Македонци од своите родни огништа. Од љубовна одисеја до потресни сцени корнење на Македонците од родните огништа. Светот кога требаше да ја казни Грција ја засили со воена авијација, да ги бомбадира македонските села и градови.„јас мисслам тоа не е солза туку и солзи кои и Егеј би го преплавиле-подвлече Билјана на првата промоција во Битола Промотори Марија Ѓеоргиевска, Виолета Секоска и Александар Ѓорѓиев, Тачко Јованов, зборуваше за издавачот на книгата Сојузот на Македонците од Егејот –МАКЕДОН, Печатењето на книгата е финансиски потпомогнато од Министерство...

БЕЗ ИЗГОВОРИ

Често пати наоѓаме изговори за тоа дека сме премлади и стари да сториме некои работи.Не е важно колку години имате сега. Вие никогаш не сте премногу млади или премногу стари за да успеете во она што го сакате. Еве краток список на луѓе кои се постигнале големи работи во различни возрасти.  1) Хелен Келер, на возраст од 19 месеци, стана глува и слепа. Но, тоа не ја запре за да стане првата глува и слепа која се здоби со диплома за уметност.  2) Моцарт веќе почна да свири на виолина и да компонира уште од петтата година. 3) Ширли Темпл беше 6 години кога  стана филмска ѕвезда со филмот  "Светли очи." 4) Ана Франк беше 12 кога го напиша Дневникот на Ана Франк. 5) Магнус Карлсен стана велемајстор во шах на возраст од 13 години.

ТАЈНАТА НА ЦВЕКЛОТО

Едно истражување докажува дека јадењето на цвекло придонесува за побрзо трчање и одење на човекот. Овој црвен зеленчук исто така спомага за старите луѓе да можат подобро и побрзо да се искачуваат на скали или да го стигнат автобусот. Тајната на цвеклото лежи во содржувањето на нитратите кои ја зголемуваат енергијата во мускулите. Студијата е спроведена на две групи на луѓе, на едните им бил даден сок од цвекло а на другите сокот од цвекло не содржел нитрати. Спрема тоа, тие се покажало дека првата група трчала многу побрзо од другата. Macedonian timeline

МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА НА ФЕСТИВАЛОТ НА ПИСАТЕЛИТЕ

МЛД “Кочо Рацин“ ги известува сите љубители на македонската поезија и проза дека  ќе земе учество во активностите на Фестивалот на писателите (Writer’s festival 2016) во библиотеката во Mill Park. Првата активност ќе биде Отворен микрофон и ќе се одржи на 16 Ноември од 6.30  до 7.30 навечер во просториите на библиотеката Поетско читање (Поезија за душа),изложба на книги – 27 Ноември (недела) од 2.00 – 3.00 часот попладне. Ги покануваме сите љубители на македонскиот пишан збор од сите генерации да ни се придружат и да допринесат за промоцијата на македонскиот јазик во рамките на Фестивалот на писателите. Macedonian Literary Association "Koco Racin" Inc, will take a part of Writer's festival Mill Park, 2016. The first acitvity Open microfon will happen on the 16 november, Wednesday from 6.30-7.30 pm. You will have opportunity to hear some of author's poems and literary work. The second activity - Poetry reading in Macedonian will happen on the 27 November, ...