Книга за манастирот Св. Антониј во Стругово од авторите Ванѓелко Лозаноски и Анита Димановска
Во низата демирхисарски манастири, посебно место му
припаѓа, на манастирот Свети Антониј во Стругово, еден од најстарите, подолго
време заборавени манастири, кој во поново време се разоткрива од заборавот.
Ова е прва книга посветена на овој манастир, со цел да
се зацрта неговото вистинското место во македонската црковно-манастирска
историја.
И селото Стругово ќе ја добие вистинската историска
светлина, која ја заслужува во македонска духовна и културна историја.
Манастирот Свети Антониј е подигнат над селото
Стругово во планински живописен предел. Низ многу векови зрачел и опстојувал
низ огнените војни и пожари. Манастир кој се врежал длабоко во спомените на
струговци.
Низ вековите, приказните и легендите за манастирот
Свети Антониј се движеле и потекувале како жива света вода. Тие се пренесувале
генерациски, од колено на колено, од дедо и прадедо. И самиот манастир е мит со таинствена силна
светлина, која го осветлува и Стругово. Секој човек кој зборува и раскажува за
манастирот Свети Антониј разговара, претпазливо, внимателно, со почит, со љубов
која грее и одблеснува.