Monday, October 1, 2018

МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР МЕЛБУРН СО НОВА ДРАМА

Македонскиот театар од Мелбурн, минатата Сабота на 29 септември во Neret Reception, премиерно ја прикажа комедијата “Шест дена работи, седмиот одморај“од Весна Куслеска. Беше одлично прифатена од публиката за што придонесоа актерите со одлично изведените улоги. Жените (сите љубовници на кројачот Перо) ги носат имињата на деновите од неделата, и доаѓаат во погрешен ден при што настанува и забуна. Секоја со своја животна приказна и ранг во општеството или како што си се замислила дека е.  Се заврзуваат во силни разговори, напади една на друга, споредувања, но и припреми за закоп на “мртвото тело“на Перо. Притоа сите тие си раскажуваат како го сретнале и колку добро го познавале Перо и постојано се препираат како да го облечат.