Пишува: Нове Младеновски После триесетина години одлучив да поминам низ некои од просторите на некогашната заедничка држава Југославија. Пред да дојдам во Белград останав по неколку дена во Словенија и во Хрватска. Словенија е веќе Европа. Стандардот, културата, однесувањето на луѓето, собраќајот, хигиената и услугите не се разликуваа ни малку од оние во Мелбурн. Не слушнав некој да беше носталгичен кон поранешната Југославија. Во хрватскао Загорје и во Загреб се беше скоро исто како во Словенија, освен стандардот кој е уште далеку од оној во ЕУ зоната. Преку интернет резервирав сместување во Нов Белград. Одвоив неколку дена за рагледување и шет ање. Сакав да видам колку овој денешен Белград се разликува од оној, стариот, пред распаѓањето на Југославија и пред бомбардирањето од страна на НАТО Алијансата. Уште од аеродромот се наѕираше убав, модерен и среден град. Додека се возев кон градот контрастот на околината со онаа Словенечката беше повеќе од видлив. ...
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ