Се започна на значајниот датум 2- Август, 2020, на големиот верски празник Свети Илија и национален празник Илинден кој не потсетува на саможртвата на нашите борци - херои за слобода на Македонија во 1903. Со пристигнатите над 5000 поеми од поети низ целиот свет, жирито имаше полни раце работа да ги разгледа и да ги награди најдобрите. Со голем труд и ентузијазам сепак успееја да завршат и тој дел од својата работа. Жирито во состав: Златко Тимковски проф. доктор од Лос Анџелес, Бранко Николовски - текстописец, Мери Т. Младеновска М-р Македонистика и комуникологија, Соња Манасиевска Конеска поетеса, Симе Младеновски - продуцент пак на значаен верски празник ги објавија резултатите и прогласија добитниците на награди и признанија за поддршка на манифестациијата. Првата Интернационална ПОЕТСКА Манифестација “Сплоти се Македонијо”, во организација на емисијата „Лица и дела” – Тв Сонце, во соработка со истакнати поети од Македонија и дијаспората одблесна како илинденскиот оган и борбата на нашите Илинденци кои токму на Свети Илија одлучија да кренат востание 1903.
И оваа интернационална манифестација нека прерасне во традиција и да продолжи да ги поттикнува поетите да ги изразуваат своите творечки вештини преку убавиот стих. Писмото и јазикот се нашите македонски национални симболи преку кои ние се распознаваме во светот. и нека оваа манифестација ги отвори вратите за уште поголеми поврзувања и развивање на идеи за силна афирмација на македонското поетско творештво во светот а со тоа и афирмација на македонскиот јазик. Сме постоеле и ќе опстојуваме и покрај сите премрежја кои ни се појавуваат на патот во сите периоди од животот. Само посветеност, сполотеност, грижа и љубов можат да не водат напред. Македонија на Македонците, Македонците за Македонија.
Во прилог ги доставуваме сите награди и признанија доделени од Интернационалната поетска манифестација СПЛОТИ СЕ МАКЕДОНИЈО:
Дизајнот е од печатницата Интермарк, сликите се дело на Мери Т. Младеновска а идејата да се стават на диплимите и признанијата е на Соња Манасиева.
The first International POETRY Manifestation "Unite Macedonia", organized by the show "Faces and Deeds" - TV Sonce, in collaboration with prominent poets from Macedonia and the diaspora shone like the Ilinden fire and the struggle of our Ilinden freedom fighters who decided to start an uprising on St. Elijah 1903. And let this international manifestation grow into a tradition and continue to encourage poets to express their creative skills through beautiful verse. The alphabet and language are our Macedonian national symbols through which we are recognized in the world. and let this manifestation open the doors for even greater connections and development of ideas for strong affirmation of the Macedonian poetic work in the world and thus affirmation of the Macedonian language.
Gordana Dimovska
Macedonian timeline
Australia
No comments:
Post a Comment