При првата прошетка низ најблискиот трговски
центар не можев да оддолеам, си купив
ново одело. Ми се виде евтино а убаво. Вечерта сопругата по телефон од Мелбурн
ми подговори дека најверојатно продавачката била згодна и тоа пресудило да го
купам оделото. Којзнае, можеби и беше во
право. Панталоните ми беа долги и идното утро пронајдов една кројачка
работилница во еден мал трговски центар. Трите жени затрупани со куп материјали
и гардероба во тесното дуќанче, брзо и лесно по акцентот ме открија дека не сум
домашен – локален. Го зборував некогашниот Српско-Хрватски течно, дури и
беспрекорно. Акцентот во период од триесет години премногу се изменил. Јазикот
навистина бил жива материја. Со овој, модерниот Српски, тешко дека ќе фатам
ритам. Додека им земаа мерка на панталоните, во неврзан разговор им реков дека
сакам да го посетам музејот на Никола Тесла и ги замолив да ми ја најдат
адресата.
Дедека најмладата ја бараше адресата на
мобилниот, најстарата најверојатно
газдерицата, зачудено ме погледа
-
Не знам господине зошто од толку многу
убави места и музеи во Белград вие сте одлучиле да го посетите баш музејот на
тој човек. – не почека да и одговорам, продолжи – Знаете ли вие дека тој бил
коцкар и пробисвет. Мајка му многу се намачила додека бил на факултет во Беч.
Морала куќата да си ја продаде за да му ги отплати коцкарските долгови.
Јас, затечен со овие информации, се
почувствував дури и непријатно додека се правдав дека овие детали не сум ги
знаел. Дури и да било така, тоа не влијае на мојота почит кон величината и
делото на овој голем светски ум. Сепак останаа љубезни. Ми подаде газдарицата
парченце хартија со адресата на музејот.
-
Повелете господине. Ужвајте во поставките.
Јас лично, како мајка, не им давам значење на пробисветитет, посебно не на оние
што не си ја почитуваат својата мајка, па макар тоа бил и Никола Тесла.
******
Во музејот сосема друга приказна и случувања.
На веќе пожолтените фотографии се гледа убаво лице одмерен израз и таинственост
во очите. Оригиналниот шешир, оделото, чевлите и бројните лични предмети
оставаат впечаток дека се работи за елегантен џентламен кој можеби и бил
заводник и коцкар. Се изненадив кога се споредив со статуата во природна
величина – ни малку понизок ни малку повисок од мене. Јас се сметам за низок
човек.
Се замешав во големата група на посетитетли
собрани околу неговиот трансформатор за високи фреквенции. Одвреме навреме се
палат неонките во рацете на неколку доброволци, во воздухот мириса на
јонизација а трнсформаторот бучи како да завива. Ми требаше половина ден да ја
поминам целата поставка. Прв пат во живо го видов ротирачкото јајце, оригинални
мотори, генератори и трансформатори, за чие теоретско објаснување и разбирање
подтрошив многу време и енергија во моите студенски денови. Да си признам дека
разбрав толку колку што беше доволно да положам електротехника1,2 а можеби и 3.
Експонатите, некако неугледни, старински и
после стотина години работат беспрекорно. Наредени бројни оригинални патенти на
кои почива оваа наша денешна техничка цивилизација. Тесла бил гениј за своето
време а останува ненадминат и во нашево време. Денешните научници се уште ги
анализираат неговите трудови, теоретски кажувања и неговите преку 300 регистрирани
патенти. Некои и денеска се надеваат
дека ќе го надминат.
Професорите по електротехника, од чии дебели
книги ја изучував теоријата на електротехниката, цел животен век посветија на
проучување и пишување на теорија за онаа што Тесла го направил. И не само
неколкуте професори на кои јас лично им се восхитував туку и бројни светски
физичари и теоретичари никогаш до крај не продреа во размислувањата на Тесла за
безжичниот пренос на енергија, за вселенската енергија, за физичките појави.
За среќа, јас на време се откажав од идејата
да постанам нов Никола Тесла и си оставив време за некои обични секојдневни
нешта.
И еве, после две години од посетата на
музејот, ме подбуцнуваат зборовите на шнајдерката од малото дуќанче на
размислување. Ако Никола Тесла бил ученик како сите останати
деца од неговото време, ако се вклопил во системот на просечноста (теорија на
стадото) најверојатно неговиот генијален ум не би проработил или би останал
јалов. Можеби и бил невнимателен и неосетен кон мајка си а тоа и не мора да
значи дека немал љубов кон неа. Таков син еднаш мајка раѓа.
На Никола Тесла јас би му ги опростил овие земски гревови.
Нове Младеновски
Мелбурн 2020
Gluposti . Vovedot ti utka do utak. Ne daj boze Makedonija da spadne na to super nisko nivo kako Slovenia i Hrvatska. Tie se primer kako ne treba. Neso ne e vo red so tebe definitivno . Nie sme svetlosni godini pred tie tvoi omileni mesta. Moze ti si Yu nostalgicar a sigurno si i kopach zaostanat nekoj . Nie zboruvame za Holivudski zivot so najvisoki standardi od moderniot severen svet. Za silna Tigar Drzava za Makedonski Mileniumski Vrednosti . Toa sve so nabroja ti e chkart i iz-zhiveano .Makedonija ima sve podobro od tie semji , od Aerodrom Do Stadion Sali Plostadi fontani Kulturno istoriski spomenici , Areholoski lokaliteti Tvrdini Citadeli Banji Gostilnici Crkvi . Standard ? Pa kuki na 3-4 sprata so Bazeni vo neoklasicen stil , udobni aprtmani vikendicki stanovi vo ohrid i na more ,opremeni so ramni ekrani lap top ,tableti site androidi telefoni , cel den sednati na pijacka lapacka zabavi , deca uzivaat setaat odmori vikendi patuvanja Jahti jet ski motor ski ,Mileniumski krst shankovi so platformi plazi dj-ei sve e ekstra be covek. Drugi se nasite problemi ne standardot . Slovencite i Hrvatite ziveat po selca vo mali drveni kukarki rmbaat cel den ne smeat da pisnat rezim e kaj niv zatoa se taka mirni i pribrani isto kako niska klasa vo tvoj Melburne. Zivees vo drevan mala kukarka 100 km od grad i ne smees da pisnes protiv kralicata rmbas te koristat doma i u krevet. Daj nemoj vakvi pateticni gluposti .Za Nikola Tesla site znaat deka e Makedonec ,pisuvaj kolku za sakas za Makedonecot. Ti si migrant vo avstralija nikoj i nisto ne lazi . Raboti si kjuti si glej si familijata ne siri glupava lazna propaganda . Samo steta pravite gi lazete gi frustrirate lugeto . Klosar si najobicen , koa ke ti pobaraat 10000 evra na zaem begas magla fakas. Ako si milioner so standard napraj 5-6 zgradi na 4-5 sprata i pokloni im na lugeto so nemaat svoj stan . Ako ne gubi se ne davi odvraten si . Nikoj i Nisto . Ne te ni znaat deka postois .
ReplyDelete