Во звуците на кавалот И тропотот на тапанот Во отсјајот на сонцето Над високите планини, езера и реки Во ритамот на тешкото Те чувствувам тебе земјо чудесна Најубава Во името твое целата историја е збрана Сведочи за времиња, Векови минати во очај и тага Воздигни се земјо Во везот на везилката Како песна накитена стара Душата жедна од изворот вода бара.
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ