Skip to main content

ЕЈ МАКЕДОНИЈО

 

Во звуците на кавалот

И тропотот на тапанот

Во отсјајот на сонцето

Над високите планини, езера и реки

Во ритамот на тешкото

Те чувствувам тебе земјо чудесна

Најубава

Во името твое целата историја е збрана

Сведочи за времиња,

Векови минати во очај и тага

Воздигни се земјо

Во везот на везилката

Како песна накитена стара

Душата жедна од изворот вода бара.

И ред до ред бисери

Јунаци Македонци, борци незнајни и знајни

Да воскликнат силно

Во здивот, во ехото

И изворот кога ќе дотече

Твојта историја ќе потече

За новите дела, за твојата храброст

Да застанеш силно

Да го одбраниш еднаш

Она што е твое

Твоето достоинство, историја света

А денес тргни по нови патеки

Запиши нова историја

Испрати пораки во светот

Дека си единствена, неприкосновена

Мајка на твоите горди чеда

Љубов во срцето блика.

Еј Македонијо, земјо наша

Кажи им на сите, дека твоето име е вечно

Никогаш нема да загине

Кажи им на сите

Дека ти постоиш

Ти си лулка на писменоста

Земја на песната, орото

Херојското минато славно

Кажи им дека нема да молчиш повеќе

Да веднеш глава

Дека ќе ги збереш своите чеда

Од сите страни на светот

Да се одбараниш и да продолжиш

Да си ѕвезда

Најсјајна на светот...

Еј Мекедонијо...



Гордана Димовска

Gordana Dimovska



Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

КОЈ Е СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН?

Пишува: ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН Славе Николовски – Катин, ѝ е познат на македонската и на меѓу¬народната културна и научна јавност со многубројните публицистички и научни трудови посветени, главно, на животот на Македонците во светот, но и на низа други аспекти поврзани со дијаспората, како и со литературата, културата, религијата, науката… Тој е роден на 19 август 1941 година во Преспа. Осумгодишно училиште завршил во Љубојно, а средно техничко училиште, Геодетски отсек и Филолошки факултет, група Англиски јазик и книжевност во Скопје. Две години студираше и на Вишата геодетска школа во Белград ако студент, замина во Канада, каде што остана четири години. Во Торонто се школуваше во Интернационалниот институт за англиски јазик и литература „Раерсон”. Извесен период работеше како геодет и пројави активност во македонската колонија во Торонто. Еден мандат во 1978 година беше генерален секретар на Црковната управа при Македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто. П...

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.