Skip to main content

МАКЕДОНСКИ ПИРЕЈ

Велат дека никогаш повеќе не ќе можел Македонскиот народ да ги пее македонските песни.

Велат дека ќе ни забранеле да си го спомнеме името на нашата Татковина - МАКЕДОНИЈА.

Велат дека никогаш повеќе не ќе сме можеле да го развееме крвавото знаме на мојата, вашата Татковина - МАКЕДОНИЈА.

Велат дека ќе ги повлекле песните, 

делата на великаните на МАКЕДОНИЈА

и сите историски облежја во кои е втиснат МАКЕДОНСКИОТ КОД.

Не ќе можете да ги уништите делата на Анте Поповски, 

зошто делото негово е длабоко вградено во темелите на МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА,

 ниту ќе можете да ги уништите делата на Петре М. Андреевски 

 неговиот вечен ПИРЕЈ, 

ниту делото на Блаже Конески 

и плејада дејци кои се нераскинливо крвно ткиво запечатено на МАКЕДОНСКА ЗЕМЈА.

Ниту пак ќе можете да им забраните на поетите, писателите, историчарите, 

да го величат името на својата родна со крв натопена грутка земја - МАКЕДОНИЈА.

Тргнете ги вашите валкани раце од библиска МАЈКА - МАКЕДОНИЈА, 

зошто проклетството удира во срцето на поколенијата. 

И не продавајте си ја честа за грст колнати пари 

за да не ве плукаат вашите роднини, пријатели.

Ќе живеат песните и ќе се пеат на веселби, свадби, крштевки, умирачки, 

зошто овде на ова парче света библиска земја

израснавме и ќе раснат поколенија со духот и втиснатиот МАКЕДОНСКИ КОД 

во срцата на сите МАКЕДОНЦИ.

Живко ДЕСПОТОСКИ

2 август 2018 - то Лето Господово


Macedonian timeline

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ СПИСАНИЕТО „ПОВОД 75“ - ОГЛЕДАЛО НА МЛД “ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“ ОД СИДНЕЈ

Списанието „Повод“ бр. 75  за јануари 2026 година, наменето за литература и култура, се појави во печатена и во електронска форма, двојазично, со цел тоа успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска и мултикултурна Австралија. Списанието е еден вид огледало на МЛД „Григор Прличев“ и е посветено на постигнувањата на македонските иселеници. Иаку, друштвото „Григор Прличев“.новиот број на списанието „Повод“ го збогати со поетски содржини посветeни на дедовските корени во Македонија, за кои пишуваат со големи чувства и силна љубов, какви што можат да се сретнат  кај македонските иселеници во светот.  Списанието „Повод“ е посветено на животот и делото на Наум Трајчески. Кој е роден 1952 година во село Издеглавје, Охридско. Од 1977 година живее во Австралија. Основач е на Македонското литературно друштво ,,Ванчо Николески“ од Квинбијан, Нов Јужен Велс. Наум неуморно работи на промовирањето на македонскиот збор преку одрж...