Кон книгата „ Расчеречени души македонски “ од Нове Младеновски , авторско издание - Гоце Ристовски Една древна кинеска мудрост вели дека човек во животот треба да остави пород, да засади дрво и да напише книга. Некои му ја припишуваат на Лао Це. Во таа смисла авторот на книга т а „ Расчеречени души македонски “ Нове Младеновски, е веќе реализиран човек. И повеќе од тоа. Тој оставил наследници, засадил дрвја, а оваа не е прва негова книга. Тој е автор на повеќе напечатени книги, меѓу кои и четири романи. Секоја книга напишана на македонски јазик е празник за македонската култура и опстојба. Оти, за жал, и денес, во 21-от век, “да пишуваш на македонски значи да се бориш“ како што истакнуваше стамениот столбник на современата македонска литература Коле Чашуле.
МАКЕДОНСКИ ВРЕМЕПЛОВ