Skip to main content

СВЕТАТА МИСИЈА НА Д-р АСПАСИЈА СОФИЈАНОВА, ВРВНИ ДОСТИГНУВАЊА ВО СВЕТСКАТА ПЕДИЈАТРИЈА

Еклузивно интервју со директорката на детска клиника доктор Азпасија Софијанова во врвот на светската педијатрија.

Нема поголемо задоволство од тоа на светот, животот е брз ритам и  брзо се движи со огромна брзина но ние секогаш треба да бидеме спремни за секој предизвик а усшехот доаѓа само со труд и дела. - Д-р Аспасија Софијанова 

 МТ -  Ајде да го започнеме интервјуто со едно обично прашање но верувам дека ќе имате многу да ни кажете - Што значи работата за вас?

АС - За мене не би сакала многу да говорам што се сум направила доволно е да ги видат моите дела и тие се кажуваат.Можам едно да кажам мојот втор дом е детската клиника во која сум постојано и секогаш сум достапна за сите во кое било време битно е да спаси детски живот и секогаш сум спремна за тоа знаете ли што значи да се спаси детски живот да се види таа чиста насмевка таа убавина верувајте нема поголемо задоволство од тоа. Јас сум многу посветена на својата професија и сакам се пoвеќе да се усовршувам и цел живот го посветив на педијатријата ги следам чекорите на мојот татко кој беше одличен педијатар и на кого му се восхитувам и кој вдушност ме насочи и ми го покажа патот за оваа професија како велат крушката под круша паѓа. Мојот работен започнува рано наутро во клиника каде го организирам тимот за тековните работи прегледи на бебињата следење на ситуации итни случаи и не гледам воопшто на моето работно време секогаш кога има некој случај без разлика кај и да сум тргнувам во клиника но и да сум на семинар или надвор во странство јас пак работам  online се организирам и можам слободно да кажам цел живот го посветив на децата и клиниката. Многу семинари многу пaтувања низ светот во доменот на педијaтријата и многу ми е драго што имам чест да другарувам со многу познати светски доктори педијатри со кои разменуваме искуства и драго ми е кога велат - Цули ти си врв во светската педијатрија. Секогаш сум спремна а по природа сум скромна и ненаметлива да помогнам не гледам воопшто кое време е ние докторите секогаш треба да бидеме спремни за пoмош затоа и сме дале заклетва многу дежурства но морам да кажам и дека многу нови години сум прославила на клиника со тимот.


MT - Имате ли организано некои настани во последно време?

АС - Многу сум среќна и радосна пред неколку дена а ексклузивно за вас и емисијата Лица и дела тв Сонце кои го снимаа настанот се случи во Скопје во прекрасниот хотел Хилтон балканската школа на педијатријата. Го организиравме настанот на највисоко ниво заедно со педијатриското здружение чиј претседател сум јас.С е потрудив да го соберам светскиот врв на педијатри ширум светот доктори од нахвисок ранг ги поздравувам сите и им се заблагодарувам но морам да спомнам некои од нив доктор Артур Крингсман од САДгастроенерголог педијатар од Израел има канцеларија во Плеасантон Калифорнија,Тексас,Израел.Од Русија Грузија Кирил Шниапликов неуролог имунолог од државниот московски медицинскиуниверзитет,Др Никола Антонучи од Бари Италија директор на био медицински центар за испитување третмани Др Андов и многу други.Ги имаше од сегде од Србија Хрватска Босна од сегде и драго ни беше ги пречекавме како што се дочекуваат гостите на највисоко ниво бевме одлични домакини,имаше и многу предавања салата секогаш беше полна и многу ми беше драго што имаше голем интерес освен тоа имавме и коктели со одлична забава и секако музички гости,се потрудивме да биде се со сите нишани.Многу ми е драго и исто така тоа ме исполнува тоа што имаше многу познати гости а отворањето го направи господинот заменик министер беше поканет и министерот на здравство на Македонија но беше службено на пат. Мислам ваков настан ретко се случува во Македонија да се собере светскиот врв на педијатријата во Македонија е огромна работа но поради мојата почит и респект сите со задоволство беа присутни и преку предавањата разменуваа искуства. Им се заблагодарувам на сите и сите спонзори кои помогнаа и воопшто сите кои беа присутни и во организација ова беше огромна работа но ја завршивме успешно и спремна сум за нови оредизвици.

Можеби ќе биде нескромно но јас и понатаму продолжувам во мојот втор дом детската клиника каде ќе се посветам на моите тековни работи секојдневни обврски и пред се сакам да изразам голема благодарност до министерот за здравство кој исклучително го почитувам. Ќе го организирам и мојот тим кој секогаш е спремен да реагира и да спасува детски животи и секогаш сум спремна за помош по природа сум многу хумана скромна но секогаш сакам да дадам подршка на сите хуманитарни акции и сметам дека треба да ги има многу во иднина. Секако благодарност за се до сега до миоте родители и мојот брат кој е далечната Канада.

МТ - Имате ли нешто да ни пренесете за крај на ова интервју?

АС - За крај би сакал да ви се заблагодарам на вас Macedonian Timeline и на сите во дијаспората и да ви порачам да се сакате почитувате и да си помагате. Нема поголемо задоволство од тоа на светот, животот е брз ритам и  брзо се движи со огромна брзина но ние секогаш треба да бидеме спремни за секој предизвик а усшехот доаѓа само со труд и дела. 

МТ - Ви благодариме за времето што го одвоивте за ова интервју и ги запознавте нашите читатели ширум светот за вашата мисија. Импресивна работа од ваша страна и ние се гордееме со вас а сигурно и Македонија на која и се потребни вакви стручни лица со врни дострели во светот на педијатријата.












Macedonian Тimeline Australia

Comments

Popular posts from this blog

МАКЕДОНСКИОТ ГЕНИЈ СО ГЛОБАЛЕН ПЕЧАТ ВО ФИЛМОТ

Филмот не е само приказна која ја гледаме тоа е огледало во кое човештвото се гледа и преиспитува.Филмот е молк што зборува светлина што боли а вистина што не се заборава. Еден добар филм не ти нуди одговор туку ти поставува прашање што не престанува да те следи.И за крај филмот е уметност да ја кажеш најтешката вистина и да ја претвориш во убавина - Симе Младеновски. MT – долго време сте во медиумскиот свет и постигнувате големи успеси, ве нарекуваат гениј, но како беше почетокот, како дојде до тоа да навлезете во филмската уметност? Симе - Македонскиот гениј со глобален печат во филмот.Се се ќ авам на деновите кога со трепет ги чекав неделните филмови на телевизија, a потоа и сам почнав да експериментирам со камера и монтажа. Се почна како хоби но потоа сфатив дека тоа ќе биде мојот животен пат  и идна моја професија.И така беше тоа е како некоја зависност која се повеќе те тера да креираш голем наплив на идеи имаш секогаш низ глава и секогаш си велиш оваа е најдобра, но не баш...

ПРОДУЦЕНТОТ СИМЕ МЛАДЕНОВСКИ - КРЕАТИВНОСТ И ВИЗИЈА

MT -  Еве следува разговор со истакнатиот продуцент, режисер, Тв водител, Симе Младеновски.   МТ - Секогаш сте активни на сите полиња, верувам имате веќе и и некои нови планови, кажете ни нешто за тоа. Симе -   Во тек е работа на нови документарни филмови за специјални природни и културни локации во Македонија, со амбиција за учество на престижни меѓународни фестивали и номинации за Оскар Се разгледуваат копродукции и соработки за играни филмови во Србија, Аргентина и САД, како и нови сезони на „Лица и дела“ и проширување на манифестацијата „Сплоти се Македонијо“. Симе Младеновски е визионерски продуцент и режисер чија кариера ги опфаќа и телевизиските интервјуа, и документарните епоси, и меѓународните соработки. Неговиот непрекинат труд, признанија и амбиции го поставуваат меѓу најзначајните медиумски творци во современа Македонија.

МАНАСТИРСКАТА ЦРКВА „СВ. АТАНАС“ И НЕЈЗИНОТО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ЉУБОЈНО

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА ДОЛНА ПРЕСПА Покрај земјениот пат кој води од селото Љубојно кон црквата „Св. Петар и Павле“, на една височинка, се наоѓа црквата посветена на „Св. Атанасиј Велики“. Објектот претставува мала еднокорабна градба со тристрана апсида на исток и влез на западнат страна. Во поново време црквата е малтерисана. Сите преправки, според натписот врежан во малтерот над влезот од надворешната страна се направени во 1968 год.  Внатрешноста на црквата со олтарната преграда е поделена на наос и олтарен простор. Иконостасот со трите престолни икони се издига скоро до таванот. Иконите според натписите кои се наоѓаат на нив потекнуваат од 1929 година. Најважната содржина, со која го задржува вниманието црквата „Свети Атанас“, се остатоците на ѕидното сликарство врз источниот ѕид од олтарниот простор. Според стилските карактеристики како и според сочуваниот натпис ова сликарство потекнува од првите децении на 17 век.