Skip to main content

Posts

АПЕЛ ДО ПАРИСКАТА МИРОВЕНА КОНФЕРЕНЦИЈА 1919

Македонскиот народ има до лга и бурна историја низ која помина секакви премрежја, најтешки предизвици. Постојано се бореле за свое место под сонцето, постојано се бореле за национална слобода, за самостојност. Македонија како да водеше вечна борба меѓу темнината и светлината и која постојано се пренесуваше од една на друга генерација. Секоја генерација се бореше под различни услови и околности, но и со различни судбини. Безмилосно се спроведувани најразлични методи на уништување на националната свест за самостојност, македонскиот народ не потклекна и не се помири со роувањето. Секогаш се бореше против поробувачите да го сочува својот идентитет, јазикот, црквата, обичаите, традицијата, т.е сите белези кои ја обележуваат македонската нација како посебна. Денес треба посебно да го потенцираме тоа што македонскиот народ никогаш немаше претензии за освојување на територии како што тоа го правата нашите соседи. Напротив, секогаш се борел и се бори за да си зачува својот идентите и да го зазе...

Гафови и најсмешни вицеви

Смеа до солзи Влегува еден човек во психијатриска болница и го прашува директорот на болницата -на која основа донесувате одлука дали пациенот е нормален или болен? Директорот му вели Е па вака, ќе го донесеме пациентот до една када полна со вода, му даваме лајца, чаша и канта и ќе го прашаме како најбрзо може да ја испразни водата од кадата. Посетителот – Аха , разбирам,,значи ако ја испразнува водата со канта тогаш е нормален. Директорот – Е не , нормалниот ќе го истрга чепот од кадата и ќе ја пушти водата да истече.... Полага Рамче тест за ловочувар и го прашуваат да наброи пет диви животни, Рамче вели- лисица, волк и три мечки Бил Гејтс Умрел Бил Гејтс и отишол кај Св.Петар кој не знаел дали да го прати во Рајот или во Пеколот.- Били, имаш ти големи заслуги за човештвото, ама тоа ВИНДОС , па плави екрани...Оди види како e на двете места па кај сакаш таму ќе те пратам.Отишол Бил во Рајот - природа, ангели, зеленило...Во Пеколот - журки, голи жени, изобилие...И посакал да оди во Пеко...

НАЈДЕБЕЛОТО ДРВО ВО МАКЕДОНИЈА

Велешкото село Теово се наоѓа на околу 50 километри од Велес кое тивко и полека изумира. Единствено заживува за викендите и летно време. Ако во 60-тите години ова село броело околу 1.200 жители, сега, според последниот попис, во вкупно 180 куќи живеат 120-ина жители, претежно старци. Селото е сместено на еден од краците на патот Вија Игнација, а името го добило од грчкиот збор Теос - Господ. Во ова велешко село расте најдебелотo дрво во Македонија. Јавор џин кој шест века го плете животот во Теово. Последните мерења покажуваат дека дебелината на древниот јавор изнесува 10-ина метри, а висок е околу 30 до 40 метри, а летно време неговите сенки го разладуваат центарот на селото. Според одредени архолошки испитувања, Теово било населено уште од византискиот период. Потврда за тоа се многуте надгробни споменици и гробови расфрлани во и околу селото. Теово, како што тврдат мештаните, порано се наоѓало на неколку километри подалеку од местото каде што е сега. Тогаш, додека мажите работеле по...

ГАТАНКИ - MACEDONIAN RIDDLES

Најдрагоцените обележја на македонската нација, името и јазикот секогаш треба да се гледаат како нешто во кое секој Македонец треба да инвестира. Тие се нешто најсвето и највредно, нешто за кое нашите претци животот го дале и го зачувале и кога им беше најтешко. Не е доволно само да го поседуваш богаството , уште поважно е да се негува, и зачува за наредните генерации. Без јазик сме никој и ништо и како што вели Крсте П. Мисирков ‘ Милоста кон родниот јазик е наш долг и наше право . Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зошто е наш, исто како што е наша татковината. Еден народ што го изгубил својот јазик, личи на човек кој го изгубил патот и не знае ни каде оди, ни кој е! Гатанките се дел од македонското богато народно творештво. Кога нашиот народ немал услови да печати книги на свој јазик, и кога морале да зборуваат на јазик наметнат од окупаторите, поробувачите, ги создале гатанките како еден вид разонода но и натпревар на итрост. Самиот збор гатанка значи гледање во минатото...

ДЕДО ЈАКОВАТА ЧЕШМА

Поради големиот интерес кај голем број од читателите за легендите, еве уште една мошне интересна легенда за чешмата на Дедо Јаков Овој настан се смета дека се случил некаде околу 1875 година. Во ова време живеел дедото Јако во селото Калањево – неготинско. Тој имал четири сина како што народот ги нарекувал – челад во тајфата, радост во куќата. Главно се прехранувал од неколку нивички кои ги обработувал со синовите. Имале и неколку овци. Па така го тркалале некако животот, крпен-трпен. .Се било во ред се додека во селото не навлегле арамиски дружини од Арнаути, Турци кои крстосувале низ блиските планини. Еден од синовите, Фило, бил убаво и стројно момче. Тој најмногу се грижел за овците и често го пасел своето стадо кај местото наречено Габер – Кејна и Вешеглав. Еден ден нему му се смачило па решил да се затскрие под некои сенки и да се одмори убаво. Зел да руча и веднаш потоа отишол до блискиот извор да се напие вода. Токму во тој момент дошле арамии вооружени со пушки и пукале во него...

ЛЕГЕНДА ЗА МАРИОВО

Познато е дека постојат многу легенди за потеклото на името Мариово. Според една од нив се вели дека името Мариово е добиено по некоја убавица Марија. Таа се согласила да живее во турскиот харем но под услов бегот да не врши исламизирање, потурчување на населението од тој крај. Па така и турскиот бег и дал ветување дека ќе го испочитува нејзиното барање и селаните се спасиле од натамошно потурчување и градење на џамии. Во чест на убавата Марија, оваа област го добила името Мариово. Другата легенда вели дека името Мариово доаѓа од верувањето дека пред многу векови таму постоело море за што сведоци се многубројните карпи во облик на школки. Мариовскиот крај плени со својата едноставност, но преубава природа. Мариово е област која крие безброј тајни, легенди, културна оставнина. Таму е и родното место на една од најголемите македонски народни хероини – Калеш Анѓа. Во Мариово може да се најде и најубавата македонска народна носија, најубавите македонски народни песни, митови и преданија...

АЈДУТСТВОТО ВО МАКЕДОНИЈА

За време на турското владеење во Македонија, животот бил неподнослив.Со текот на времето социјалните, верските разлики меѓу народот и завојувачите станувале се поголеми. Тоа било причина и за појава на разни форми на отпор. Се спротивставувале на исламизирањето кое заземало се поголем замав.Ги давале своите животи но не дозволувале да бидат потурчени. Таков пример е горењето на Ѓорѓи Кратовец во 1515 година на плоштадот во Софија, а потоа била погубена и Злата Мегленска. Kако што е познато Злата Мегленска била грабната од еден Турчин и се обидувал да ја потурчи но таа пружала отпор и му рекла “Јас верувам во Христа и нему му се поклонувам и само Него Го знам како мој младоженец. Од Него никогаш нема да се откажам дури и ако ме ставите на илјада маки или ако ме исечете на ситни парчиња. Увидувајќи дека не може да ја убеди да се потурчи и да стане негова жена, ја пратиле в затвор каде била сурово тепана и мачена. На крајот била обесена, а телото ѝ било исечено на парчиња. Многу убави и ...